Поврзи се со нас

Вести

(4) ОДГОВАРААТ: Мерита Алили, Самир Грбле, Миртезан Селими

Објавено

на

Мерита Алили, Црвен крст

Мерита Алили, секретар на Црвен Крст Гостивар

„2017 година беше исполнета со многу активности, како крводарителски акции, делење хуманитарна помош на ранливите категории, проекти за поддршка на деца со посебни потреби, грижа на стари и изнамоштени лица, натпревар по прва помош, и многу други активности во соработка со волонтерите на Црвен Крст на Република Македонија – Општинска организација Гостивар. 2017 година ќе ја паметам и по соработката со младите волонтери со кои заедно се ангажиравме за промоција на хумани вредности кај населението. Главно оваа година беше година на предизвици за нас и нашите соработници.“

„За 2018 година очекувам да биде исполнета со многу активности и нови успеси за Црвен Крст. Би сакала во мое име и во име на Црвен Крст на Република Македонија – Општинска организација Гостивар да им посакам среќни празници на граѓаните. Посакувам што е можно повеќе да владее разумот, толеранцијата, соработката и хуманоста кај луѓето во нашата околина и пошироко.“

[divider]

Самир Грбле, дефектолог

М-р Самир Грбле, Дефектолог 

„Оваа 2017 година ќе ја паметам по успехот на професионален план односно по тоа што институцијата (училиштето) во кое што работам јас беше избрано како најинклузивно училиште во Република Македонија“.

„Во новата година очекувам општеството да одигра поактивна улога во однос на подобрување на целокупната инклузија на лицата со попреченост за нивно самостојно функционирање во сите сфери од животот“.

 

[divider]

Миртезан Селими, советник

Миртезан Селими, советник општина Гостивар

„Нема многу по што да се памти 2017 година, а особено не по нешто добро што би не направило посреќни. Во 2017 едно нешто што се случило и што вреди да се запамти е тоа што во Македонија се случи долго очекуваната промена на власта што ни дава надеж дека во нашата земја ќе може да се изгради преспектива за во иднина, а особено за младите генераци кои што за жал својата преспектива ја гледат надвор од земјата. Сите треба да се залагаме да им се направат услови преспективата да ја гледат овде во својата земја, а со смената на власта јас мислам дека се создава некаква надеж и се враќа довербата кон иституциите на државата и за младите и за сите останати граѓани на нашата земја. Јас мислам дека ова е нешто најдобро што му се случило на општеството. На приватен план 2017 ќе ја паметам по раѓањето на мојата внука што донесе голема радост и среќа во нашиот дом“.

„За следната 2018 година, прво да ви кажам имам многу очекувања, но најпрво сакам да имаме здравје, па потоа и се останато. Се надевам дека ќе имаме благосостојба и малку во поглед на економијата да се придвижат состојбите кон подобро. Се надеваме дека и земјата ќе се придвижи кон Европското семејство која ни е надеж на сите нас за подобра иднина на сите во оваа земја како на политички така и на економски план. Во ова прилика сакам на сите ваши читатели и на сите граѓани да им честитам новата година, со желба за исполнување на желбите и соништата во својот живот“.

 

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

До 15 часот во Општина Гостивар гласале 20.687 гласачи

Технологијапред 2 часа

YouTube слави 19-ти роденден-Знаете ли кое било првото објавено видео?

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Мирен изборен ден во Гостивар, попладнево поголема раздвиженост на избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Во Општина Гостивар до 11 часот излезноста е 7,46%

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Во Општина Врапчиште до 9 часот гласале 422 избирачи

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Први податоци за излезноста на изборите во Гостивар

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Седми претседателски избори во Македонија-Кој ќе биде идниот претседател?

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Сите избирачки места во Гостивар отворени навреме, гласањето тече

Македонијапред 22 часа

Пазарна инспекција ќе контролира дали трговците утре ќе работат

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена