• Дата: 27/12/2017

(5) ОДГОВАРААТ: Емел Мехмеди, Адис Исмаили

Емел Мехмеди, одделенски наставник

Емел Мехмеди, одделенски наставник

„Секоја година носи и позитивни и негативни работи, така и 2017. Најголема радост во 2017 година за мене беше раѓањето на мојот внук, односно што за прв пат станав тетка. Како просветен работник посебно задоволство ми претставува што зедов нова генерација првачиња. Овие мали дечиња влегуваат во еден нов свет кадешто се запознаваат со нови предизвици, односно го почнуваат своето образование и ги прават првите важни чекори во својот животен пат.“

“Во новата 2018 година посакувам да има мир, разум, среќа и пред се здравје за сите. Секој да си го оствари тоа што си го замислил. Сите луѓе да бидат исполнети со среќни и убави моменти. Како педагог кој повеќе од 15 години работи во образование со мали дечиња посакувам сите деца да имаат еднакви можности во општеството. И за крај секое дете заслужува РАДОСНО ДЕТСТВО И УБАВ ЖИВОТ!

Адис Исмаили, советник

Адис Исмаили, советник во Совет на општина Гостивар

„Годината што изминува, 2017 ќе ја паметам по инцидентите во Собранието кои се случија на 27 април и исто така по тоа што за прв пат се избра Албанец за претседател на Собранието во Македонија“

„Мојата голема желба за 2018 година е Македонија да влезе во НАТО. Посакувам и да нема омраза и нетрпеливост меѓу луѓето, а да има многу здравје и работа за сите“

 

Оставете коментар

Вашата Емаил адреса нема да биде објавена.Задолжителните полиња се означени *

*