• Дата: 13/02/2018

Бесплатни обуки: Можност за невработените да ги усовршат информатичките вештини

Невработени лица со основни познавања од информатичките технологии, и желба да  ги надградат и да се стекнат со меѓународни сертификати можат да се пријават за бесплатна обука за напредни ИТ вештини. Агенцијата за вработување го отвори огласот на 23 јануари, а пријавувањето е во тек се додека не се формираат групите.

Право на учество имаат кандидати кои се евидентирани на листата на невработени лица и имаат завршено средно или високо образование.

„Обуките ќе се спроведуваат во период од 3 до 6 месеци од денот на формирање на конечните ранг листи вклучувајќи настава со користење на официјална литература, подготовка на кандидатите за сертификација и спроведување на испити за стекнување со меѓународно признат сертификат. Овие обуки ќе ја зголемат вработливоста на 100 невработени лица во Македонија и ќе обезбедат можност за стекнување на професионални вештини и квалификации за одредени работни места кои се барани на пазарот на трудот.“, стои во огласот.

Пријавувањето на заинтересираните се врши во Центрите за вработување каде се евидентирани како невработени лица.

Оставете коментар

Вашата Емаил адреса нема да биде објавена.Задолжителните полиња се означени *

*