Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Тешко ви оди со утринското будење?…Овие совети ќе ви бидат од корист

Објавено

на

За да се прилагоди на еден нов ритам на будење, на човековиот организам потребни му се четири недели. Најлесен начин за да станете наутро без многу маки е да го прилагодите вашиот внатрешен часовник кој го контролира и организира вашето тело. Почнете со заспивање и будење во исто време и наутро немојте да го одложувате вашиот аларм. Отворете ги очите штом заѕвони.

Мотивацијата е половина работа

Како и со сите работи во животот, кај будењето многу е важна мотивацијата. Размислите зошто сакате да станете сабајле, дали би сакале да вежбате или пак да појадувате со вашето семејство за да ги наполните батериите за напорниот ден. Доколку има некој кој треба да ве разбуди, кажете му притоа да ве потсети на вашите утрински планови. Ќе ви биде многу полесно да се извлечете од кревет.

Работите кои ви требаат наутро подгответе ги од вечер

Кога се ќе ви биде подготвено од вечер, нема да чувствувате стрес наутро околу стартот на денот и обврските. Разбудете се подготвени, навечер испеглајте ја и одвојте облеката која ќе ја облечете, ставете ги клучевите, телефонот, чантата на достапно место за да не мора да губите време барајќи ги.

Секогаш на спиење одете во исто време

Проблемите со несоницата може да влијаат на вашиот внатрешен часовник и телото нема да знае колку часа спиење му се потребни. Препорачливи се 8 часа сон и обидете се да го практикувате тоа постојано, сеедно дали сте на работа или не, дали е викенд или работен ден. Одбор наспани нема да ви биде тешко да поитате кон денот.

Еден час пред спиење избегнувајте ТВ и лаптоп

Гледањето телевизија или играњето игри на вашиот лап топ го смалува производството на хормонот неопходен за квалитетен сон, мелатонин. Затоа е најдобро да ги избегнувате овие уреди еден час пред спиење, па вашето тело ќе се подготви за одмор.

Алергијата може лошо да влијае на сонот

Алергијата и депресијата многу влијаат на квалитетот на сонот. Проблемите со дишење може да доведат до недостаток на воздух што резултира со постојано будење. Депресијата пак не дава да се почувствуваме одморени дури ни по 8 часа спиење. Во овие две ситуации се советува да се посети стручно лице кое ќе одреди соодветна терапија.

Направете неколку вежби

Истегнување уште додека сте во креветот ќе ви го размрда телото и ќе придонесе за проток на енергија низ организмот, потребна за расонување и акција.

Наутро задолжително чаша вода

Штом ќе станете фатете се за водата. Една чаша вода по будење прави неверојатен баланс и внесува живост во целиот човечки организам. Тоа многу ќе ви помогне ширум да ги отворите очите наутро.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена