Вести
Д-р Илир Исмаили: Здрава храна, физичка активност и редовни прегледи за превенција од рак
Редовни здравствени прегледи, здрава исхрана и физичка активност. Овие совети ги посочи онкологот д-р Илир Исмаили како најдобра превентива од карцином, на предавањето што се одржа во Гостивар по повод 4-ти февруари, Светскиот ден на борба против ракот.
Исмаили вели дека бројката на заболени од карцином во земјава бележи пораст, а граѓаните треба да водат грижа за своето здравје, да се хранат правилно и да спортуваат за да го намалат ризикот од заболување.
„Според заводот за статистика јасно се гледа дека има огромен број на нови пациенти со карцином. Секако дека пораното дијагностицирање на болеста значи подобро и соодветно лекување. Превенцијата која треба да важи за секоја човек е да се води поздрав живот, да се јаде здрава храна и нормално да се спортува“, вели онкологот.
Предавањето го организираше гостиварскиот Совет на млади со цел да ја подигнат свеста кај помладата популација за превенцијата од карциноми.
„Ние како Совет на млади имавме за цел да се подигне свеста и да се укаже на ризиците кои доведуваат до карцином“, рече Верица Гаврилоска, член на Советот.
По општото излагање за главните причинители и превентивните мерки, д-р Исмаили подетално се задржа на два вида карциноми: на белите дробови и на гради кај жените. Онкологот рече дека пушењето е главен ризик фактор за рак на белите дробови притоа нагласувајќи дека тоа подеднакво важи и за пасивните пушачи. „Тоа значи дека еден пушач во домот ги става под ризик и останатите членови на семејството. Освен цигарите, појава на рак на белите дробови може да предизвика и азбестот“, објасни Исмаили.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар