Поврзи се со нас

Вести

Интервју со Даниел Ѓорѓески: Никогаш не се откажувај од својот сон

Објавено

на

vardar-izvigjac-2-1Гостивар од секогаш изобилувал со спортски бисери кои се натпреварувале во големи клубови, во сите спортови. Дека таа традицијата се одржува пример ни е младиот ракометен голман на РК Вардар Даниел Ѓорѓески. Доволен беше еден натпревар за првиот тим на РК Вардар во СЕХА лигата да го запознае целата ракометна јавност. Со фантастичните одбрани дваесет и две годишниот гостиварец ги освои сите љубители на ракометот во државава, посебно гостиварчани.

За својот ракометен пат, желбата да се биде успешен во овој спорт, младиот Даниел Ѓорѓески говори во интервјуто за Gostivarpress.mk.

ГП: Даниел зошто баш ракомет? Како и на колку години почна да тренираш?

Даниел Ѓорѓески: Ракометот го засакав уште од мал бидејќи татко ми е бивши ракометар и уште од мал одев на утакмици и го пратев ракометот. Имав голема желба да тренирам ракомет и на 13 годишна возраст почнав да тренирам во ракометниот клуб Јехона од Гостивар.

o_1aeumffpu1uamdhdr411fu31cimk

ГП: Раскажи ни за твојот ракометен пат, како стигна од Гостивар до РК Вардар?
Даниел Ѓорѓески: Од Гостивар заминав во екипата на МРК Вардар каде почнав да напредувам и да созревам како голман потоа продолжив екипата на Куманово каде поминав една година, од таму во екипата Работнички и сега повторно се вратив во Вардар.

ГП: Како ја откри својата позиција, дали од секогаш си на голот?
Даниел Ѓорѓески: Од секогш сум на голот, позицијата ми ја открија моите тренери и родителите кои ме разубедуваа да бидам голман и од првиот момент кога застанав на голот сватив дека не сум згрешил што ги послушав и дека тоа е мојата идеална позиција.

ГП: Член си на младинскиот клуб на Вардар РК Вардар Јуниор. Играчите во лигата во која се натпреварувате е иднината на Македонскиот ракомет. Kако гледаш на потенцијалот кај вас младите ракометари?

13754282_834701533296459_1866999953394109045_nДаниел Ѓорѓески: Потенцијалот на младите ракометари во Македонија е во нагорна линија напорно се работи со младите играчи играме во најјаката лига во Македонија добиваме шанса за настап и во регионални натпреварувања што е поголемо искуство за нас и мислам дека квалитетот на Македонската репрезентација ќе продолжи и понатака.

ГП: Какво е чувството да тренираш со Штербик, Дибиров, Душебаев и останаите светски звезди?
Даниел Ѓорѓески: Да тренираш со имиња како што се Штербик, Дибиров и останатите е прекрасно чувство поголема мотивација постојано да давам се од себе како и на тренинзите така и на утакмиците, од нив може многу да се научи, а тоа е голем плус за мојот развој како играч и одговорност да се биде на едно врвно ниво.

ГП: Кај се гледаш за две три години? Кои се твоите планови?
Даниел Ѓорѓески: Моите планови за во иднина се да останам дел од најдобриот македонски клуб Вардар да бидам дел од првиот тим и да имам повеќе настапи во регионалните натпреварувања и да продолжам да работам напорно и да бидам дел од сениорската репрезентација на Македонија.

ГП: Колку често можеме да те видиме низ Гостивар. Каде и со кого најмногу сакаш да го поминуваш слободното време?
Даниел Ѓорѓески: Во Гостивар поминувам неколку дена во месецот обично за викенди кога сум слободен и тоа време го искористувам за одмор, да се видам со моите најблиски и накратко да се видам и со пријателите.

ГП: Што би им порачал на оние најмладите во Гостивар кои почнуваат да се бават со ракомет?
Даниел Ѓорѓески: На најмладите што сега почнуваатда се бават со ракомет би им порачал да се посветат многу на ракометот да се трудат на сите тренинзи да даваат 100%, да бидат дисциплинирани да ги слушаат советите од тренерите и никогаш да не се откажуваат од својот сон.

vardar-izvigjach-foto-seha-12-10-2016-8482

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 3 часа

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 7 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 9 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 10 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 11 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 12 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 13 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 14 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена