Поврзи се со нас

Вести

Дождот и снегот носат ризик на патиштата-полицијата со апел за внимателност

Објавено

на

Влажните коловози го отежнуваат движење на возилата, особено на високoпланинските патишта  во Полог и по долината на Радика, затоа е неопходна крајна внимателност, предупредува СВР Тетово.

„Доколку во наредните денови позначително се спуштат температурите, како што најавуваат синоптичарите, на овие патишта можна е и на голомразица, но и снежни лавини или одрони од камења, кои дополнително го зголемуваат ризикот за  случување сообраќајни несреќи. Поради ова, Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до возачите да бидат крајно внимателни ако патуваат кон Стража, Маврово, Дебар или Попова Шапка, задолжително да поседуваат зимска опрема и да ја прилагодат брзината според условите на патот. На возачите им се советува, исто така, навреме да ја проверат техничката исправност на нивните возила и посебно оние кои вршат јавен превоз на патници со автобуси и комбиња, да не конзумираат алкохол кога седнуваат зад волан и да не управуваат  неподготвени и заморени“, се вели во нивното соопштение.

Секторот за внатрешни работи нагласува дека и во наредниот период ќе продолжа засилените контролни активности, во чие средиште е техничката исправност, на возилата, брзината со која се движат во и надвор од населените места, престигнувањето и паркирањето.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена