Поврзи се со нас

Вести

ЕДЕН ДЕН СО: Дејан Ристоски, ИТ систем инженер во НБРМ

Објавено

на

“Компјутерски махер со голема љубов кон фудбалот”

Утрински ритуали и навики

Обично немам некои класични утрински навики со оглед на тоа што повеќе години патувам секојдневно до моето работно место на релација Гостивар-Скопје. Од почетокот на оваа година моето работно време е флексибилно поради специфичноста на работната позиција, поради тоа две недели работам во претпладневна смена, а две недели во попладневна смена. Кога сум во претпладневна смена денот ми започнува многу рано, станувам нешто пред 6 часот наутро со оглед на тоа што во 7 и 30 часот веќе сум на работното место и штом стигнам со првото кафе ги започнувам моите работни обврски. Во попладневна смена утрата ги започнувам со појадок и утринско кафе со семејството.

Активности и обврски во работниот дел од денот

Активностите ми започнуваат со почетокот на денот и моето излегување од дома. Времето на патување пред да стигнам на работното место го користам за да ги проверам најновите вести и настани од информатичката технологија и проверка на електронската пошта на моите електронски уреди (телефон или таблет). На работното место веднаш започнуваат моите обврски, проверка на системот преку разни алатки за следење и мониторинг, сигурносни проверки и физичка проверка на уредите (сервери, уреди за складирање на податоци, мрежна опрема и сл.) во Центарот за податоци. Откако ќе се завршат проверките може успешно да се започне денот и да се стават во функција системите кои се важен сегмент од функционирањето на платниот и други системи во државата.

Исполнување на слободното време

Сакам се што е поврзано со спорт и како прва опција за исполнување на слободното време ми е најважната споредна работа во светот – фудбалот. Еднаш до двапати во неделата со пријателите се организираме за играње фудбал, а по завршувањето на терминот задолжително седнуваме на освежување со ладно пиво. Секако дека најголем дел од времето сакам и го исполнувам со моето семејство, моите три дами, сопругата и моите две ќерки кои ми ја даваат најголемата поддршка, а бидејќи во работната недела немам баш слободно време, ја користам секоја прилика слободното време да го поминам со нив.

Откријте ни нешто од листата на неостварени желби

Во однос на патувања би можел да набројам многу атрактивни дестинации што посакувам да ги посетам и стојат на мојата листа, но сепак, кога сме кај неостварени желби повторно спортот е на прво место. Сум посетил голем број на спортски натпревари и воедно сум гледал многу спортски светски звучни имиња. Сепак моја желба е да го гледам омилениот фудбалски тим кој долго време го бодрам а тоа е AS Roma на олимпискиот стадион во Рим. Се надевам дека во скоро време ќе успеам тоа и да го реализирам.

Омилен начин на одмор и релаксација

Навистина се ретки моментите кои што можам да ги одвојам за одмор и релаксација, но кога ги имам тоа е секако следењето на најновите епизоди на мојата омилена серија Game оf Thrones како или добро пиво со пријателите во “The PUB”.

Како познавач на состојбите, кажете ни збор повеќе за криптовалутите Bitcoin, Onecoin, Litecoin … што треба да знаеме за нив и дали се веќе присутни во државава и Гостивар?

Нешто што привлекува големо внимание и е енигма за голем број луѓе во моментов не само во Македонија туку и ширум светот се дигиталните валути или криптовалутите. Криптовалутите се форма на пари кои се специјално дизајнирани за да ги искористат предностите на архитектурата на интернетот. Криптовалутите се децентрализирани и не се потпираат на стандардна финансиска институција (пр. немаат гаранција од Централна банка) за да ги потврди или гарантира трансакциите.

Начинот на кој се произведуваат криптовалутите е наречен “mining” копање/рударење. Најпознати и најзастапени крипто валути на глобалната мрежа се: Bitcoin, Litecoin, Etherium, BlackCoin, Dash и сл. Криптовалутите се целосно дигитални и тие се еквивалент на готовина, се користат за купување на стоки и услуги од голем број на трговски куќи и поединци на интернет, а дури може и да се заменат за готовина. Криптовалутите во основа се валути па како што постојат ризици и предности кај обичните валути – постојат и кај криптовалутите.

Официјално нема потврда дали криптовалутите се присутни во државава и во Гостивар, но факт е дека ги има! Популарноста на криптовалутите не произлегува од фактот дека со нив можете да платите некој производ или услуга, туку од фактот дека граѓаните од Македонија и граѓаните од целиот регион, можат да тргуваат со цената на Bitcoin или со другите криптовалути и да заработат на растот или падот на вредноста преку платформите за тргување. Голем број развиени земји и земји од опкружувањето ги прифаќаат криптовалутите, во најмала рака Bitcoin-от како платежно средство.

Пред извесно време присуствував на семинар во организација на Народната банка на Република Чешка, каде меѓу другото беше презентирано дека користењето на дигиталните валути и електронските пари се дозволени со закон во Република Чешка, па така во Прага веќе постои кафе бар каде што плаќањето се прави исклучиво со Bitcoin. Исто така, низ територијата на Република Чешка може да се најдат одреден број на Биткоиномати (Bitcoinmat) каде што може да правите купопродажба на биткоини со готовина.

Морам да напоменам дека согласно регулативите на Народната банка во Република Македонија забрането e тргување со Bitcoin и со останатите криптовалути. Ставот на НБРМ е дека овие криптовалути се многу ризични поради шпекулативноста, поточно наглите промени на вредноста.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена