Поврзи се со нас

Еден ден со..

Еден ден со: Џезаир Реџепи – конзерватор, уметник

Објавено

на

Неуморен творец со динамично секојдневие во очекување на принова

 

 Утрински ритуали и навики

Главно моите утрински ритуали не се разликуват од сите други што се во работен однос. Се разбира, раните утринските обврски се подготовка за на работа, пристигнување на работно место, запознавање со работните обврски и вообичаеното утринско кафе – еспресо. Но, мора да признам, ако има нешто невообичаено во моите утрински навики, тоа е вообичаениот проблем со пристигнување навреме на работното место 🙂

Текот на работниот дел од денот

Институцијата Конзерваторски Центар- Гостивар каде сум во редовен работен однос како конзерватор – уметник вајар, во периоди има динамични активности на полето на заштита на културните, историските и уметнички вредности во нашиот регион. Нашата работа е многу активна, динамична во многу области и пред се интересна и значајна за нашите општествени вредности, која секако бара професионално залагање и многу креативен пристап. Главно се карактеризира со теренско работење, креативност, но секако и со студиски методи и техники кои ги реализираме во нашето конзерваторско ателје.

Исполнување на слободното време

Поради фактот што мојот професионален работен ангажман многу малку се разликува од мојот уметнички пристап на животните навики и вредности, јас речиси не го разликувам работното време од слободното време. Факт е дека активностите кои ги правам на работното место многу се поврзани со моето “слободно време”. Но, ако треба да издвојам детали од моето слободно време, би рекол дека тоа е времето посветено на моето семејство, дружење со пријатели и колеги и следење на културни настани.

Во последните години во нашиот град има тенденција на организирање на многу културни настани: уметнички колонии, уметнички изложби, фолклорни настани и многу други хуманитарни активности. Се трудам да бидам постојано присутен, било како организатор, реализатор, но пред се како уметник.

Од каде црпите инспирација и енергија за уметничките дела?

Постојаното присуство на местата каде се одвиват многу настани од секаков карактер за мене е еден вид извор на инспирација и пристап на гледиште на нештата кои од после се развиват и се преточуват во енергија која се користи за реализирање на сите проекти кои следуват, и во краен случај, се надевам се развиваат во вистински уметнички дела.

Но, од друга страна мора да се признае дека во нашето општество многу голема улога имаат општествено-политичките случувања, економската криза и слично, така што останува малку простор за културна и уметничка активност. Иако духовното поднебје е контаминирано со невредности, мене тоа ме потикнува и инспирира да дадам повеке и со поголем елан да го подигнам моето уметничко и културно ниво. Мислам дека со овој пристап кон  уметноста ќе придонесам во развивање на уметничките и културните вредности на овие простори  и отворање на нови гледишта и алтернативи.

Дали е тешко да се биде човек со уметничка душа во денешно време?

Уметничката душа е посуптилна и мека, морам да признавам дека во ова време да се биде  професионален уметник не подразбира успешна професија, особено во нашата држава каде се истакнуваат различностите по многу основи; политичкиот и партискиот “бекграоунд”, поврзаноста со власта, познавање личности со влијание итн,  што директно влијае колку ке бидеш во можност да ги истакнеш сопствените уметнички квалитети. Во овој наш предолг транзиционен период владеат, за жал други вредности, поинакви од уметничките.

Конкретно од лично лошо искуство може да го истакнам случајот каде јас и други вајари од нашиот град конкуриравме со дела за трите албански културни и историски дејци во склоп на проектот “Скопје 2014”  и наидовме на апсолутна нетранспаретност при избор на делата кои ке се реализираат. Едноставно сакам да наведам дека постојат случаи кои се препреки и кои сигурно ја демотивират љубовта кон вредното и убавото, но никогаш не можат да ја згаснаат и уништат  уметноста. И покрај овие случувања јас ќе продолжам со силен резервоар на уметнички идеи и ќе продолжам да дејствувам во правец на поставување на вистински ликовни вредности.

Како го замислувате својот идеален летен одмор?

Морам да признавам дека во минатото во многу наврати сум го доживеал мојот идеалне летен одмор, затоа што тогаш немав многу обврски и професионални ангажмани како што ги имам сега, што некогаш и ги расипуват плановите. Но, тоа не значи дека нема да се обидам и во иднина  да доживеам идеален летен одмор.

Оваа година  јас и Беса мојата сопруга, очекуваме принова и секако сме возбудени дека заради таа голема среќна промена во нашиот живот, со задоволство остануваме дома. Тоа значи дека мојот најидеален летен одмор од соништа годинава, ќе биде реален.

 

 

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Културапред 6 часа

Несекојдневно уметничко доживување за гостиварци-Перформанс, сликање пред публика

Гостиварпред 8 часа

Физички напад на улица во Гостивар заради долгови

Македонијапред 10 часа

Вработените во култура на протест, најава и за генерален штрајк

Вестипред 10 часа

Франција најголем увозник на руски гас во ЕУ

Гостиварпред 12 часа

Приведување во Гостивар, мајка го пријавила синот за агресивно однесување

Македонијапред 13 часа

Четврти ден штрајк на приватните специјализанти, осуда за притисоците

ИЗБОРИ 2024пред 13 часа

Скратени часови на 23 април и 7 мај во училиштата во кои ќе се гласа на изборите

Гостиварпред 14 часа

Какво културно наследство „крие“ Гостивар – Изложба на фотографии и разгледување на Саат Кулата

Гостиварпред 16 часа

Изгубена или украдена? Со картичка на гостиварец некој си пазарувал во маркет во Тетово

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена