Поврзи се со нас

Вести

ЕДЕН ДЕН СО: М-р Ненад Савески, судија во Основен суд Скопје 1

Објавено

на

„Моето семејство ми дава животна енергија“

Кои се вашите утрински ритуали и навики?

Во текот на работната недела утрата ми започнуваат со неколкукратно ѕвонење на алармот, бидејќи моето работно место е во Скопје, рано станувам, и немам многу можност да уживам во некои посебни ритуали, но ги сакам утрата, го сакам свежиот утрински воздух, некогаш дури успевам да најдам време и да извежбам некои кондициони вежби. На патот кон Скопје секое утро ми е поинакво од претходното, уживам во боите на природата, во разговорите со пријателите со кои патувам, првото утринско кафе го пијам со колегите и по кафето започнуваат работните обврски. За викендите, утрата ми почнуваат со утринско кафе дома во кругот на семејството, а потоа и уште едно макијато во некое од кафулињата со другари и пријатели, но недела е ден кога после кафето секогаш одам во нашата преубава црква Пресвета Богородица со семејството на неделна молитва.

Како и со какви обврски ви поминува работниот дел од денот?

Моите работни обврски се проследени со читање, анализи, подготовки за одржување на рочишта за различни правни работи и секако изготвување на судски одлуки, судската професија е многу сериозна, одговорна, комплексна и општествено многу важна, бара многу посветеност, но оваа функција ја вршам со голема љубов, така да работниот дел од денот ми поминува во комбинација на работа и задоволство.

Со што го исполнувате слободното време?

Слободното време го исполнувам со прошетки во природа со семејството, ја сакаме природата, пешачиме по кејот на реката Вардар, често одиме во Маврово, ги истражуваме убавините на Македонија, но кога не сум во природа гледам филмови и да читам книги од современи автори.

Имате одговорна, динамична и стресна професија. Од каде црпите енергија за справување со сето тоа?

Дефинитивно извор на мојата енергија е моето семејство, моите три деца, топлината на домот.

Кое е вашето животно мото?

Да негуваме демократски, европски и општо прифатени современи вредности, но не на сметка на нашите семејни, културни, традиционални и верски вредности.

 Откријте ни нешто од листата на неостварени желби?

Да одам на концерт на Мадона во Алберт Хол во Лондон, да ручам заедно со Робин Шарма и Пауло Куељо, во мојот дом да имам барем едно од делата на Пикасо и Салвадор Дали,  остварливи желби а? Хахаххааа…

Вие сте еден од лојалните гостиварци ке ни раскажете ли како го доживувате Гостивар во ваше време, сегашноста, иднина?

Да, јас навистина многу го сакам нашиот град, тука го поминав моето безгрижно детство, тука ги поминав моите средношколски денови во старата гимназија, тука ја запознав мојата сопруга, тука ги поминав најубавите мигови, Гостивар во “мое време” беше место кое нудеше богат забавен, културен и спортски живот, сето тоа беше рефлектирано врз мојот развој и поглед кон животот, паметам кога во Гостивар беше скоро секојдневие да гостуваат некогашните мега ex yu звезди, имаше театарски претстави, спортски настани, ги паметам забавите во дискотеките Авалон, М, Аксиос, Елдорадо, во кафулињата Глорија, 3Д, Текила, кафиќот на мојата сопруга Д&Г, победите на кошаркарскиот клуб Николферт, радиото Супер Нова, имаше квалитетен живот, се живееше во градски дух, но каков е сега Гостивар од аспект на забавен, културен и спортски живот не можам многу за кажам, бидејќи и не сум многу во тек поради моите професионални и семејни обврски, но како и тогаш така и денес во Гостивар ги има најубавите слатки, најубавиот сладолед во слаткарницата Рекорд, за луѓето од надвор е многу чудно кога ќе кажам дека во гостиварските пицериии ја има највкусната пица, така да и во ова време Гостивар има свој сјај.

Едно за сигурно знам дека Гостивар бил и ќе биде град каде секој ќе биде од секого срдечно пречекан, Гостивар е познат по својата гостопримливост, по еснафскиот менталитет, по талентирани спортисти, талентирани актери и угледни интелектуалци.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена