Поврзи се со нас

Еден ден со..

ЕДЕН ДЕН СО: Озан Адеми, менаџер за продажба

Објавено

на

Гостиварецот во Минесота: „Ми недостига Гостивар, но уживам во земјата на можностите“

Кои се твоите утрински ритуали и навики?

Утрото го почнувам со мојот син Харисон кој има две и пол години, секој ден ме буди во 6 часот наутро. Кога станувам прва работа што правам е туширање, па го пијам утринското кафе пред компјутер, ја проверувам состојбата на моите веб страни, и целиот сообраќај што се одвивал преку ноќ. Откако ќе завршам со проверките, се префрлам во Македонија, т.е ги читам вестите во Македонија и Гостивар.

Како и со какви обврски ти поминува работниот дел од денот?

Работниот ден ми почнува во 9 часот, трае 8 часа. Работам како менаџер во продавница која е специјализирана за продажба на пури на големо и мало. Секој ден ми почнува со проверка на сите нарачки кои треба да се испорачаат истиот ден, имам повеќе вработени на кои им назначувам задачи кои треба да ги извршат во текот на денот. Додека се спремаат сите тие нарачки, проверувам колку роба и каква роба треба да се нарача за нашите продавници. Соработуваме со многу светски реномирани компании кои се занимаваат со производство на пури.

Со што го исполнуваш слободното време?

Слободното време го исполнувам со многу интересни работи. Животна желба ми беше да гледам НБА натпревар во живо, сега ја имам таа можност , одам и гледам НВА натпревари многу често, иако тимот на Минесота, Timberwolves sucks :)))))). Втора работа што многу често ја правам е посета на северниот дел од Минесота т.е Езерото Супериор, едно од најголемите езера во светот. Таму го поминувам поголемиот дел од слободното време, многу е големо и треба многу време да се види целата природа. Секогаш одам таму со моето семејство и секогаш ми е убаво, посетуваме различни места на истото езеро.

Како е да се биде гостиварец во Минесота?

Па вака, да се биде Гостиварец во Минесота не е тешко, само една голема работа што требаше да се навикнам беше многу тешка, а тоа е долгата зима која трае и по 6 месеци, со температури од -45 целзиусови, со многу ветер и мраз. Кога првпат дојдов во Минесота, ми беше многу тешко додека се навикнав на поларните температури. Или накратко, ние од Гостивар може да се навикнеме секаде и на секакви услови, хехе.

Што поточно работиш и какви се условите за работа во САД?

Работам како Менаџер за продажба во компанија која се занимава со продажба на пури и тобако. Или поточно, имам тим од 10 вработени со кои работам на нарачки, пакување, испорака. Исто така работам на нарачки за 6 други продавници кои се во сопственост на нашата компанија и се наоѓаат на територијата на која јас дејствувам. Бизнис условите во Соединетите Американски Држави се без лимит. Не за џабе ја нарекуваат “America, the land of oportunity” или во превод, земјата на можностите. Секој млад, паметен и работлив човек, кој сака да направи нешто повеќе од својот живот, треба да дојде тука, во земјата на можностите, земјата каде се е можно.

Откриј ни нешто од листата на неостварени желби?

Па немам многу неостварени желби, една од малкуте желби која и е многу скромна , е тоа што многу сакам мојот син Харисон да научи да го говори мојот мајчин јазик.

Ти недостасува ли Гостивар ?

Гостивар е градот каде мајка ми и татко ми живеат и многу ми недостасуваат, градот каде имам многу добри пријатели и другари со кои пораснав. Гостивар секогаш ќе ми недостасува, тоа е една работа од која не може ниеден гостиварец што заминал надвор од Македонија така лесно да ја преболи. Гостивар е посебен град, град каде сите се знаеме, сите сме поврзани на некој начин.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена