Поврзи се со нас

Вести

Екологија: Пензионираната професорка Јованка со лекција за сите гостиварци

Објавено

на

 

Професорка во пензија и еко-клубот од гостиварската гимназија ни донесуваат една позитивна приказна која вреди да се сподели со јавноста и да и` се посвети внимание. Во потрага по добар пример за развиена еколошка свест и грижа за животната средина, еко-клубот стигна кај блокот станбени објекти на ул„Илинденска“ каде гостиварката Јованка Јовановиќ создала и одржува градина пред еден од влезовите на зградата во која живее.

„Посебно сум почестена што овие млади луѓе ја забележале градината која ја работам околу 26 години. Среќна сум што ова е позитивен пример во нашиот град кој не е толку многу загаден, но сепак не се одржува хигиената и зеленилото колку што треба. За мене е задоволство да работам во градината. Тука садам секакви цвеќиња зависно од сезоната, дрвца, одржувам убава жива ограда. Би им порачала на сите граѓани кој колку може да придонесе за повеќе зеленило и почиста околина.“, вели Јованка.

Еко-клубот на гимназијалците има симболично име „Светот што чека да се роди“. Учениците со својот ментор сакаат да испратат порака за поголема грижа за животната средина од секој поединец. “За жал еколошката свест на нашите граѓани е поразителна, едноставно се фрла ѓубре насекаде и воопшто никој не се чувствува одговорен за тоа. Токму затоа го оформивме еко-клубот, да ја подигнеме свеста за поздрава животна средина“, рече професорката ментор, Валентина Штерјоска.

Средношколецот Виктор Ангелкоски, објасни дека и преку самото име на еко-клубот испраќаат порака дека сакаат, бараат и ќе се заложат за подобар свет во кој ќе има поголема свест за важноста од чиста животна средина. Неговиот другар од клубот Филип Срезоски посочи дека на Гостивар му се потребни што повеќе позитивни примери како градината што ја посетивме заедно.

Љубовта кон екологијата и природата за професорката во пензија Јованка биле доволна причина да започне да се грижи за заедничката градина пред зградата. Таа со младите го сподели своето мислење дека кога нешто се сака, може да се најде време да се сработи.“Кога е во прашање мојата градина, јас секогаш наоѓам време. Живеам на вториот кат и ако од прозор видам дека нешто не е во ред, ведаш се симнувам и си поработувам, со љубов, со мерак. Тоа ме релаксира и ме исполнува“, вели вредната гостиварка.

Градината што ја чува и одржува пензионираната професорка дава поука дека со малку труд и дел од слободното време, секој може да придонесе за почиста и поздрава животна средина.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 3 часа

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 7 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 9 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 10 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 11 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 12 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 13 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 14 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена