Вести
Еколошки акции на подрачјето на Националниот парк Маврово
Во рамките на своите надлежности, а согласно Годишната програма за работа, Националниот парк Маврово изминатиов период спроведува еколошки акции за чистење на отпадот на целата територија на паркот. „Овие акции се редовни и ќе продолжат да се спроведуваат во иднина и воедно ги повикуваме сите институции, здруженија и граѓани доколку имаат желба можат да се приклучат кон истите и упатуваме апел до сите посетители и жители на паркот отпадот да го полагаат на места предвидени за тоа. Националниот парк Маврово исто така секогаш поддржувал и ќе поддржува вакви или слични иницијативи кои имаат за цел да ја подигнат свеста за затитата на животната средина“, наведуваат од НП Маврово.
Исто така Националниот парк Маврово спроведува акција за подобрување на патната инфраструктура на својата територија при што се пополнуваат дупки на асфалтот и се пoткаструваат дрвјата кои го попречуваат нормалното одвивање на сообраќајот, првично околу Мавровското езеро, а ќе се продолжи на цела територија. Со ова вработените во паркот сакаат да дадат придонес, во текот на туристичката сезона, посетителите и жителите да имаат подобар и побезбеден пристап до Скијачкиот центар во Маврово како и до своите живеалишта.
извор: НП Маврово
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар