Технологија
Фејсбук ќе ви пушта реклами на месинџер
Најпопуларната социјална мрежа најави новина која сигурно нема да им се допадне на корисниците. Станува збор за воведување на реклами на месинџер. Фејсбук го тестирал новитетот и наскоро ќе започне да го спроведува. Рекламите ќе се појавуваат на почетниот екран на месинџер, во делот кадешто сега се појавуваат последните водени разговори. Се очекува поголемиот дел од рекламите дирекно со кликнување, да водат кон сајтовите на фирмите што се рекламираат.
Месинџерот има 1,2 милијарди корисници и секако тоа е чекор кон добри бизнис зделки за тимот на фејсбук.
Во досегашното искуство со рекламирањето на фејсбук корисниците имаат избор, доколку сакаат, да ги исклучат спонзорираните објави, што значи рекламите може и да не бидат видени, а секако се наплатени. Оваа опција фејсбук не ја ни споменува во понудата за рекламирање.
Очигледно овој начин на рекламирање не ги задоволува потребите на огласувачите толку добро, па од Фејсбук одлучија во новиот проект таа опција да биде исклучена. Корисниците ќе бидат приморани да ги гледаат рекламите, што секако може да има и контра ефект.
Имајќи во предвид дека не постои начин рекламите да се отстрануваат и заземаат голем простор, не се очекува да биде примена со некое воодушевување.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар