Поврзи се со нас

Фељтон

ФЕЉТОН: Како се роди гостиварската кошарка (3)

Објавено

на

„Момци, дајте ножевите под патики“

Третиот, воедно и последен дел од фељтонот посветен на почетоците на гостиварската кошарка донесува неколку интересни моменти. На каков необичен начин ги бодрел своите играчи тренерот Марковиќ ќе дознаете од раскажувањето на Петар Илоски за една случка од натпревар одигран во Гостивар против КК Раднички од Ниш.

„Натпреварите обично се играа на отворен терен летно време и тоа најчесто после 17 часот. Овој натпревар тренерот Марковиќ го имаше закажано во 15 часот… Изреагиравме ние од клубот зошто во 15 часот, прво температурите ќе бидат пеколни, публиката е на работа, на училишта итн. Но тој ни рече дека тоа не е наша работа, да си ја земеме топката и да играме. Не искара луто и не остави зачудени. Иако се плашевме дека нема да има публика, пред почетокот на натпреварот немаше место игла кај да падне. Сите избегале од обврските, кој од работа, кој од училиште сите нашле начин да присуствуваат на натпреварот. КК Раднички беше составен од врвни, видни имиња во тоа време. Кога пристигнаа во Гостивар да ти е страв да ги погледнеш, свилени дресови, квалитетна опрема, патики што ги немавме видено до тогаш, стегачи на колена, дотерани, наместени. Полувремето завршиви со +15 разлика за гостите од Ниш. Но, дури на паузата од полувремето ја разбравме тактиката на тренерот Марковиќ. Во соблекувалната сите скиснати, целосно надиграни од противникот седевме со главите надоле и чекавме да влезе тренерот Марковиќ и да почне да не кара и вика. И ете го влегува во соблекувална вистински великан, тренер, ние преплашени, а тој насмеан. Наместо да не критикува влезе, не изгушка сите до еден и ни рече: “Момци вие ќе ја добиете утамкицата, јас имам доверба во вас“. Пред да не преземе Марковиќ ние неуки се мотивиравме самите едни со други и како наш таен слоган, кога ни беше најтешко го користевме “дајте сега ножевите под патики” и никој не знаше за тоа, освен ние кошаркатите. Не собра тогаш тренерот Марковиќ пред да излеземе од соблекувална и ни рече: Само едно барам од вас – кога ќе излезете во второ полувреме држете се до зборовите НОЖЕВИТЕ ПОД ПАТИКИ!!  Верувајте кога ги слушнавме тие зборови од устата на тренерот на сите почнаа мускулите да ни се тресат. Ни дојде една сила како никогаш до тогаш, а надвор сонцето грееше,  +40 степени. Се вративме на терен и како да сме сами на теренот, ги надигравме и го победивме КК Раднички – Ниш со 12 кошеви разлика. Овој натпревар ќе остане засекогаш во нашите спомени“, се присети Илоски.

Приказната за раѓањето на гостиварската кошарка е многу повеќе од сторија за спортот, затоа што сведочи и за состојбите и вредностите на едно време од историјата на Гостивар, за снаодливоста, досетливоста и за карактерите на луѓето.

„Иако живеевме во една сиромаштија, може да кажеме слатка сиромаштија се снаоѓавме како ќе стигнеме. Најчесто вечерта пред натпревар одевме по дворови скришум да собереме јаболка, сливи, да имаме со што да се освежиме на полувреме. Но, во Гостивар од секогаш имало искрени љубители на кошарката кои ни помагаа. Имаше еден забар Стево тој ни носеше круши, исто и Адија од слаткарница Рекорд, победиле, изгубиле после секој натпревар имавме таму честење баклава“, вели Илоски.

За крај го спомена гостувањето на клубот во Белград, односно натпреварот против шампионот на Југославија, Општински кошаркарски клуб Београд, во осминафиналето на Купот на Југославија. „Бидејќи немавме финансии, а никако не сакавме да го пропуштивме натпреварот самите собиравме пари и собаравме само за 5 карти, а екипата 12 кошаркари. Така тргнавме за Белград на натпревар со воз со пет карти за возот криејќи се цел пат од кондуктерите. Во Белград излеговме на терен против најјаките играчи во тоа време Радивој Корач, Рајковиќ, Гордиќ, Миличевиќ.

Натпревар како натпревар ние не се предаваме, ама против овие некако тешко ни одеше, почна резултатот десет разлика, дваесет разлика, триесет разлика, запнале играат како да им е последен натпревар. Тогаш во една прилика му викам јас на Гордиќ од ОКК Београд, добро бре другар Гордиќ јасно е дека ќе не победите, што сте запнале до толку, многу ќе не понижите. Тој ми вика на овој натпревар дојдени се комисија од Кошаркарски Савез, од нашата екипа ги избираат кошаркарите кои ќе ја претставуваат Југославија на Медитеранските игри затоа мора да се докажеме пред нив. Сме немале среќа, изгубивме со 50/60 коша разлика, а кошаркарската репрезентацијата на СФРЈ месец дена после тој натпревар беше првак на тие игри“.

ФЕЉТОН: Како се роди гостиварската кошарка 1 дел
ФЕЉТОН: Како се роди гостиварската кошарка 2 дел
ФЕЉТОН: Како се роди гостиварската кошарка 2017

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена