Поврзи се со нас

Фељтон

ФЕЉТОН: Како се роди гостиварската кошарка (прв дел)

Објавено

на

Почетоци без тренер, на импровизирано игралиште, но со голема борбеност

Спортот има моќ да мотивира, да поттикнува, инспирира и да зближува. Гостиварци тоа го почувствуваа годинава, кога КК Гостивар се врати на кошаркарската сцена на голема врата. Сакајќи да додадеме уште повеќе сјај на кошаркарската магија тргнавме да ја бараме приказната за раѓањето на гостиварската кошарка. Потрагата не однесе во домот на гостиварецот Петар Илоски, кој играл во првата петорка на првиот клуб што бил формиран во нашиот град.

Чичко Перо на драго срце и со голема возбуда ни раскажа какви биле почетоците на кошарката во Гостивар, кои биле играчите и луѓето поддржувачи на клубот, а со нас сподели и интересни доживувања од времето на педесеттите и шеесеттите години.

„Ацика, така го викавме, тој играше во Младинската екипа на Црвена Ѕвезда и еднаш кога дојде во Гостивар ни донесе баскет. Ни покажа некои основни правила и елементи, а нам како на млади луѓе не ни требаше многу за да ни се создаде желба и да почнеме да играме. А трениравме во многу тешки услови, на отворен терен, немавме соблекувална, туку една просторија како плевна колку да се прибереме на полувреме. Инаку теренот го направивме ние самите таму позади Соколана така ја викавме на времето, денешно ДТВ Партизан, тоа беше широк простор но требаше да биде посипан и израмнет со земја црвеника. За таа цел да се заврши се организиравме играчите една вечер да “набавиме” црвеника од цигланата, набавивме запрежна кола но немавме коњ да ја влече па се договоривме ноќно време ние да ја гураме наполниме со земја и вратиме назад. Така беше обезбедена и подготвена подлогата за теренот која беше потребна за да се играат кошаркарски натревари. Останатиот дел од опремата кошеви, табла, конструкции беа обезбедени од тогашниот финансов директор на ХЕЦ Маврово Владо Јовановски. Тој ни беше главен спонзор, затоа и клубот во тоа време се викаше КК Маврово. Беше голем љубител на кошарката и да не беше неговата поддршка немаше да можеме да егзистираме. Тој со нас идеше и на тренинзи и по натпревари, беше голем ентузијаст за развојот на кошарката“, вели првиот десен бек на клубот и открива:

„На почеток немавме ни тренер, сами трениравме, ама бевме многу борбени, па влеговме во втората сојузна лига на Југославија, источна група. Да ви објаснам дека во поранешна Југославија покрај првата лига имаше две втори лиги, западна и источна. Во источната играа Црна Горна, Македонија и Србија, додека во западната Словенија, Хрватска и Босна. Прваците од двете групи влегуваа во првата сојузна лига.

Во првата петорка игравме јас десен бек, Слободан Бобе Лазарески лев бек, Милош Ѓурчиноски центар, Петко Наумчески лево крило, Боре Давидоски десно крило. Покасно по 2-3 години и Војо Тримчески се приклучи.  Со нас потоа играше и Симе-Лисе, стоматологот од Вруток“.

Првиот натпревар гостиварскиот клуб го играл на 19 мај 1954 година со клубот од Куманово. Натпреварот се играл во Гостивар.

Дека трудот, борбеноста и амбициозноста се исплатуваат се докажало и во случајот со гостиварските кошаркари. Иако тренинзите на почетокот ги одржувале без соодветни услови, без тренер, сами смислувајќи тактика на игра, момците не се откажале, туку напротив го давале својот максимум на секој натпревар. Токму таа борбеност, позитивна енергија и самопожртвуваност, придонела да го добијат својот прв тренер. Присетувајќи се на тој важен момент од историјата на клубот чичко Перо вели: „На еден натпревар со Иванград во Црна Гора… (Продолжува)

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена