Поврзи се со нас

Вести

ГАКУД „Браќа Ѓиноски“ ја заокружи годината со концерт

Објавено

на

 

Членовите на културно уметничкото друштво „Браќа Ѓиноски“ пред домашната публика во Центарот за култура АСНОМ го одржаа завршниот годишен концерт. На програмата се најдоа сплетови на ора и песни Беранче, Водарки и Тресеница, а свој солистички настап имаа и членовите на друштвото Перо Пандилоски и Анѓела Фичуроска.

„Иако главен ни е традиционалниот мелос, се трудиме да ги следиме актуелните музички текови и сето тоа го пренесуваме на концертите. Во оркестарот има навистина квалитетни музичари кои добро го владеат својот инструмент“, рече Анѓел Анѓелкоски, шеф на оркестарот на „Браќа Ѓиноски“

Кореографот Предраг Ристески, задоволен од настапот на играорците откри дека во 2018-та година ќе остварат важно патување во Полска.

„Веќе ги правиме плановите за следната година. Планираме да го збогатиме репертоарот, да реализираме повеќе настапи и гостувања во странство. Традиционално ќе одржиме концерт во Бугарија, а за прв пат ќе се претставиме и во Полска“, рече Ристески.

Друштвото ги бележи своите почетоци уште пред Втората светска војна, кога неколку гостиварци под името Шивачки се собрале за да ги негуваат традиционалните вредности и градските навики. Првиот официјален настап на друштвото датира од 1950-та година, а се одржал во старата гостиварска Соколана.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Регионпред 2 часа

Невреме во Словенија, снег во Хрватска, студ во БиХ

Гостиварпред 4 часа

Повик за невработени за платено практиканство по 11.000 денари месечно

Гостиварпред 6 часа

Завршени 89% од експропријацијата за автопатот Гостивар-Тетово, 27% за Букојчани–Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Болните и изнемоштени до полноќ можат да се пријавуваат за гласање на претседателските избори

Македонијапред 7 часа

За една година 5.365 помалку ученици во училиштата во Македонија

Културапред 8 часа

Во Гостивар во четврток изложба и перформанс на Бојана Артиновска

Спортпред 10 часа

Познати 11 кошаркари на „дрим тимот“ на САД за Олимписките игри

Гостиварпред 12 часа

Пожари кај Бунец, меѓу Сретково и Церово, во атар на Горјане…Над тетовско Селце гори неколку дена

Гостиварпред 13 часа

Метеоролозите со предупредување за локално невреме

Гостиварпред 3 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена