Вести
Гостивар има невести од Албанија, Косово, Романија, но и зетовци од Кина и Бразил
На гостиварското подрачје годишно се склучуваат околу 600 бракови. Просечната возраст на невестите е 26 години, додека на младоженците 29. Статистиката говори дека најмногу свадби има во месец август, а најмалку во март и април.
Според податоците од одделението за водење на матични книги во Гостивар кои се однесуваат на ланската година, биле формирани 549 нови брачни заедници. Од нив триесетина биле со граѓани од странски држави. Дека гостиварци бараат невести од околните земји како Албанија, Косово, Србија, Хрватска, па и од западноевропските како Швајцарија, Германија не е нешто ново и непознато. Но, интересно е што гостиварски девојки брачната среќа ја наоѓаат и во многу подалечни земји. Така во 2016-та година Гостивар доби зет дури од Кина, а минатата година од егзотичниот Бразил.
Гостиварци, подеднакво мажи и жени, не се разочаруваат лесно од бракот како институција. Тоа го потврдуваат анализите на Државниот завод за статистика, според кои има стотина случаи годишно каде младенците влегуваат во брак по втор пат. Постојат уште поупорни, па се регистрираат и десетина бракови на трета среќа.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар