Вести
Гостивар се уште без буџет за 2018 – Ќе има ли плати за наставниците?
Општина Гостивар влегува во втората половина од јануари без донесен буџет за 2018-та година. Сега за сега, е неизвесно дали до крајот на месецов ќе биде изгласан буџетот или ќе се оди на варијантата да се бара привремено финансирање преку Министерството за финансии.
Претседателот на Советот на општина Гостивар, Насир Муслиу потврди дека се уште се координираат и дека во текот на оваа недела нема да се одржи седница за буџетот. „Тоа е став на советниците од ДУИ и на нашите коалициони партнери. Координацијата и договорите интензивно се одвиваат и деновиве ќе се донесе конечна одлука што понатаму “, рече Муслиу.
Од општината пак објаснија дека се додека не се изгласа годишниот буџет или не се донесе мерка за привремено финансирање, не можат да вршат исплати поради тоа што не смее да се користи жиро сметката. Тоа ги става под знак прашалник декемвриските плати на вработените во образованието. Со исплатата на платите имаше проблем и претходниот месец. Наставниците ги добија платите со големо задоцнување, во едно училиште имаше бојкот на настава, а меѓу просветниот кадар владееше незадоволство.
Инаку предлог буџетот на општина Гостивар за 2018-та е околу 16,8 милиони евра.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар