Поврзи се со нас

Култура

Гостиварецот Бурхан Ахмети со награда од Друштвото на ликовни уметници на Македонија

Објавено

на

Уметникот Бурхан Ахмети од Гостивар е еден од годинешните добитници на награда кои ги доделува Друштвото на ликовни уметници на Македонија и Културно информативниот центар во рамки на годишната изложба „Мал формат 2017“.

Изложбата е поставена во Културно информативниот центар во Скопје, а се состои од стотина дела изработени во различни ликовни техники од педесетина домашни автори ,членови на друштвото на ликовни уметници на Македонија.

Освен Ахмети, награди добија и уметниците Драган Ветровски-Алпи, Агрон Абдули,  Силвана Атанасовска и Жаклина Глигориевска-Кочоска.

Академскиот уметник Бурхан Ахмети е роден 1978 година во гостиварско Дебреше. Во артистичката кариера има реализирано бројни самостојни изложби во земјава и во странство. Изложувал во Швајцарија, Америка, Франција, Косово, Бугарија. Учествувал во групни изложби и ликовни колонии. Добитник е на десетина меѓународни и домашни награди за уметност и култура. 

Пред еден месец имаше самостојна изложба во Националната галерија Чифте Амам во Скопје.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена