Поврзи се со нас

Вести

Гостиварецот Велјаноски порачува: Физиотерапевтите се значајна алка во рехабилитацијата на пациентите

Објавено

на

Во пресрет на Светскиот ден на физиотерапевтите, кој се одбележува утре (8 септември) , од Македонското физиотерапевтско здружение потсетуваат на значењето на нивната професија во одржување на здравјето кај луѓето и рехабилитацијата на пациентите. Годинешното мото на празникот е „Физичка активност за живот“ каде акцентот е ставен на повозрасните граѓани.  „Луѓето од трета доба често знаат да се запостават, да остануваат само во своите домови и да не извршуваат никакви активности. Напротив, ние советуваме да се активираат почесто, да бидат што поактивни, да изведуваат полесни вежби во склоп со возраста, да не се форсираат, но да се одржуваат во движење, затоа што знаеме дека движењето значи здравје“, вели гостиварецот Никодин Велјаноски, специјалист физиотерапевт кој е потпретседател на Здружението.

Тој потенцира дека за успех во работата и за доброто на пациентите, неопходно е физиотерапевтите да се следат модерните трендови и да применуваат нови техники во физиотерапевтската пракс:. „Физиотерапевтите во Македонија ги следат светските стандарди за континуирана едукација и доедукација, и затоа се почитувани професионалци на своите работни позиции. Им го честитам празникот на сите колеги, порачувам дека како физиотерапевти треба да се обединиме за поголем успех во иднина. Би сакал да завршам со мислата дека “Можеби докторите спасуваат животи но незаборавајте дека сепак физиотерапевтите ги прават тие животи вредни за живеење !“

Осми септември се слави како Светски ден на физиотерепевтите од 1996 година, а е востановен од Светската конфедерација на физиотерапија.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена