• Дата: 10/02/2018

Гостиварски „Дунек“ стартува со обука на млади танчери – ќе учат хип хоп и модерен балет

 

Културното здружение Театар „Дунек“ од Гостивар сезонава ги проширува своите активности. Освен на полето на театарската, ќе делува и во областа на танцовата уметност. „Дунек“ најавува четиримесечен курс по танц, наменет за деца на возраст од шест до единаесет години.
„Часовите ќе се одржуваат во две различни групи, една за хип хоп и една за модерен балет. Максимумот во една група е до петнаесет членови. Ги покануваме сите заинтересирани кои сакаат да бидат дел од ова наше ново дружење за подетални информации да ни се обратат преку фејсбук страната или на тел. 078-635-796“, велат организаторите.

Децата кои ќе ги изучат тајните на хип хопот и модерниот балет ќе добијат шанса да покажат што знаат и умеат на големата сцена во заеднички перформанс.

Оставете коментар

Вашата Емаил адреса нема да биде објавена.Задолжителните полиња се означени *

*