Здравје и убавина
Гостиварските фризери на „Prilep Special show“
Над 200 фризери, бербери и козметичари од цела Македонија, викендов учествуваа на манифестацијата насловена како „Prilep Special show“, која се одржа во ноќниот клуб ВИП во Прилеп. Настанот се организира за прв пат во Македонија, а организатор е секцијата на фризери, бербери и козметичари од Прилеп. Манифестацијата ја отвори градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, кој истакна дека Прилеп е авангарден град, а доказ за тоа биле овие млади луѓе кои што денеска го организираа овој несекојдневен спектакл.
Целта на настанот е сплотување на фризерите, берберите и козметичарите како и изразување на нивната креативност. Темата на ова шоу беше „All around the world“ и секоја група се претстави со по една светска метропола“.
На „Prilep Special show“ свои претставници имаше и Гостивар. Група составена од 10 луѓе, фризери и козметичари подолго време заеднички се подготвуваа за овој настан. Нивна задача беше во „All around the world“ беше Токио. На таа тема изработија фризури карактеристични за јапонските гејши, во едно модерно издание. Надополнето со убаво смислена кореографија и автентични костими.
Изведбата на гостиварци никого не остави рамнодушен на шоуто, беше една од најинтересните и највпечатливите креации на настанот.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар