• Дата: 14/02/2018

Интересни факти за виното -колку калории има во една чаша, кој најмногу пие вино…

Во чест на празникот Св.Трифун споделуваме неколку интересни факти за виното.

 

  1. Една чаша вино има скоро исто толку калории колку што има една чаша сок од грозје.
  2. Луѓето во Луксембург пијат најмногу вино од која било друга нација. Просечната количина испиено вино годишно е 60 литри по глава на жител.
  3. Во Египет, 1200 години пред новата ера во времето на фараонот Тутанкамон, обичните луѓе пиеле само пиво, додека виното било наменето само за повисоката класа.
  4. Со стареењето, црвеното вино станува посветло, додека белото потемно.
  5. Секое вино мора да се чува на одреден начин, за да не го изгуби кваитетот. Сортните вина со тапа кои еднаш се отворени треба да се испијат веднаш.
  6. За да се направи едно шише вино во просек се потребни околу 600 плодови.
  7. Дамките од црно вино, најбрзо се отстрануваат со бело вино.
  8. Во Франција, пред да почнат да се употребуваат тапите за затворање, се користеле крпи кои биле потопени во масло.

Оставете коментар

Вашата Емаил адреса нема да биде објавена.Задолжителните полиња се означени *

*