Поврзи се со нас

Интервју

Интервју со Бајрамали Саити тим менаџер на КК Гостивар

Објавено

на

„Ни претстои макотрпна работа за да ги постигнеме целите“

Традиционално пред почеток на секоја кошаркарска полусезона Gostivarpress.mk разговара со претставници на гостиварскиот клуб.

На местото тим менаџер е нешто помалку од 15 дена. Но доволно за овој период да се случат работи од кои можеби ќе зависи целата сезона: трансферот на Тодоровиќ во Динамик, доаѓањето на Магдевски, изнајдување решенија за утврдените слабости од првиот дел на превенствотосправувањето со тековните проблеми.. Многу работи на организиациски план во клубот ќе зависат од него.

За новата функција, состојбата, проблемите, амбициите на клубот разговараме со тим менаџерот на КК Гостивар, Бајрамали Саити – Бали.

Како се чувствувате во новата улога на тим менаџер на “бело-сините” од Гостивар?

– Не би ја нарекол нова улогата, бидејќи во управата сум од самото формирање на клубот и активно учествувам во досегашната работа, честа е голема но, истовремено функцијата е и многу одговорна и важна за функционирање на клубот. Сепак имам помош од управата, тренерот и играчите со кои функционираме како тим и верувам дека ќе ги постигнеме нашите цели и ќе направиме силен клуб.

Како сте задоволни од првата полусезоната во Првата кошаркарска лига на Македонија?

– Од спортски аспект, со оглед на тоа дека нашата цел беше опстанок и да бидеме стабилен прволигаш, можам да кажам дека сме задоволни, иако има се уште простор да напредуваме. Ова не е нашиот максимум, знам дека нашиот тим може многу повеќе, кое несомнено ќе го покаже со тек на време. Од организациски аспект ни претстои макотрпна работа за да ги постигнеме нашите цели и клубот да биде стабилен во секој аспект.

Која е целта на КК Гостивар оваа сезона?

– Целта на КК Гостивар е да продолжи со убавата приказна, да бидеме на што повисоко место на табелата, да стигнеме што е можно подалеку во куп натпреварувањето, и секако нашата верна публика што позадоволна да си заминува од натпреварите.

Дали планирате дополнителни нови појачувања во вториот дел или верувате во овој тим?

– Првото појачување е веќе направено, како што можевте да видите во медиумите дека Андреј Магдевски ни се придружи во нашето КК Гостивар семејство. Во преговори сме со уште двајца играчи и се надевам дека барем уште еден ќе пристигне во најскоро време. Големо внимание посветуваме на младинските категории, ја освежиме младинската школа со повеќе тренери и повеќе работни тренинзи, најталентираните деца имаат можност да се натпреваруваат во трета лига. Сето ова е со цел појачувањата да ги добиваме од своите редови.

Финансиите се најголемиот проблем воопшто во македонскиот спорт, каква е состојбата во КК Гостивар?

– КК Гостивар веќе има неколку постојани спонзори кои ја сакаат кошарката и пред се во секој миг веруваат во нас. Се надевам дека ќе се приклучат и нови кои ќе не поддржат заедно да ја продолжиме успешната приказната со нови успеси.

Може ли да очекуваме во иднина да го видиме КК Гостивар во некоја од меѓународните лиги БИБЛ, АБА 2 лига?

– Една од посакуваните наши цели е клубот да го претставува градот на некој меѓународен натпревар, за што верувам дека наскоро ќе се случи.

Што ќе им порачате на љубителите на кошарката во Гостивар?

– На гостиварската публика пред се сакам да им се заблагодарам за искрената подршка, се надевам ќе продолжат да не поддржуваат како и до сега. Им ветувам ќе направиме се што е во наша можност, нема да се штедиме на ниеден фронт и ќе се бориме за секоја топка, за сите заедно ја продолжиме традицијата и да испишеме нови страници во историја на гостиварската кошарката.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена