Поврзи се со нас

Вести

Интервју: Валентина Тасеска – „Ракотворбите бараат голема мотивираност и прецизност“

Објавено

на

За некој да се занимава со рачни изработки, особено минијатури, мора да има многу трпение, јака концентрација и подготвеност за целосна посветеност. Тоа ни го потврди и гостиварката Валентина Тасеска, по професија овластен сметководител, а по душа, ќе си земеме за право да ја наречеме, создавач на мали чуда. Валентина изработува народни носии во минијатура како и пеперутки и други апликации од срма и срмен конец во 3Д форма, врамени во стакло. „Изработките бараат голема мотивираност и посветеност, а исто така и голема прецизност. Но, после секое завршено дело се чувствувам многу гордо и среќно“, вели Тасеска инаку две децении вработена во Центарот за култура АСНОМ.

Имате интересно хоби:изработка на минијатурни народни носии и пеперутки со конец од срма. Од каде љубовта кон ваквите рачни изработки?

Љубовта ми е наследена од мојата мајка, која исто така се занимава со еклање, везење, плетење и слично.

Колку време е потребно за да се направи една автентична минијатурна носија и дали е тешко?

Секако дека е тешка и макотрпна работа која одзема многу време и бара голема посветеност. Пред се` потешкотиите се јавувааат затоа што носиите се во минијатура, а исто така и зависи која носија се изработува. Така на пример галичката носија е една од најскапите и е воедно и најтешка носија по тежина, но и по изработка, пред се` поради тоа што изобилува со специфичен вез на кошулата и на срмениот дел и многу е богата со накит. Точно временски не можам да кажам затоа што има денови кога едноставно не си расположен за работа бидејќи оваа работа бара и голема концентрација, но отприлика за една женска кукла кога би се работело по 3 часа на ден потребни би биле некаде околу 3 недели.

Дали треба да се погоди моментот за работа или инспирација се наоѓа секогаш?

Треба да се погоди моментот, затоа што не може да се изработува кога немаш инспирација или расположение. Мора целосно да си посветен на работата, особено затоа што се изработуваат минијатурни делови.

Куклите во народни носии од полошкиот крај доживеаа изложба во Гостивар и во Скопје. Ги однесовте и до Кавадарци во рамки на една манифестација. Какви беа реакциите на публиката?

Да, изложбите се состоеа од изработки на минијатурни носии претставени на 18 кукли од западниот крај на Македонија, машки и женски поставени во стакленици. Да напоменам дека во изработка на одредени делови на носиите се вклучија гостиварките: Јулијана Николиќ, Билјана Кузманоска и Лидија Новаковска. Куклите доживееа три изложби, првата беше во РМ НУ Центарот за култура Асном  во Гостивар, како проект на здружението ,,Културен бран“ од Гостивар, која беше поддржана од Министерството за култура, а втората се одржа во галеријата на кинотеката во Скопје. Голема благодарност до тогашната директорка на кинотека  г-га Мими Ѓоргоска-Илиевска за големото гостопримство и  отстапениот простор. Третата беше одржана во Центарот за култура во Кавадарци, како дел програмата за градење на културни мостови мегу Гостивар и Кавадарци.

Во 2017-та година планирана  ми е изложба во Центарот за култура во Кичево. Целта е да бидат застапени во повеќе градови во Републикава и видени од повеќе генарации, се` со цел да не се заборави и да се пренесе традицијата на помладите генерации. Реакциите од публиката, повеќе би сакала да ги слушнете лично од нив, но по мое мислам дека беа презадоволни и воодушевени, пред се` затоа што присуствуваа на на прва изложба од овој тип во нашата Република.

Може ли да се заработува од ваков вид на хоби? Дали граѓаните се подготвени да платат за да имаат уникатен примерок за себе?

Не… или многу тешко. Луѓето ги гледаат со воодушевување и сите би сакале да имаат макар по еден ваков уникатен примерок за себе, но мораме да признаеме дека поради економската криза имаат други попотребни приоритети и не можат тоа да си го дозолат. Многу мал број на луге можат да си го дозволат тоа, да имаат или пак да подарат по еден ваков примерок.

По што ќе ја паметите 2016-та година и кои се очекувањата и желбите во новата година?

2016-та година ќе ја паметам по бројните превирања како во нашата Република така и во светски рамки, но се надевам дека 2017-та година ќе биде многу поуспешна и поубава. Очекувања  некои посебни немам, посакувам само здравје за моето цело семејство и за сите нас, а се` другото спонтано ќе си дојде само по себе со малку или со малку  повеќе труд.

Љупка Антеска

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Регионпред 2 часа

Невреме во Словенија, снег во Хрватска, студ во БиХ

Гостиварпред 5 часа

Повик за невработени за платено практиканство по 11.000 денари месечно

Гостиварпред 6 часа

Завршени 89% од експропријацијата за автопатот Гостивар-Тетово, 27% за Букојчани–Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Болните и изнемоштени до полноќ можат да се пријавуваат за гласање на претседателските избори

Македонијапред 7 часа

За една година 5.365 помалку ученици во училиштата во Македонија

Културапред 9 часа

Во Гостивар во четврток изложба и перформанс на Бојана Артиновска

Спортпред 10 часа

Познати 11 кошаркари на „дрим тимот“ на САД за Олимписките игри

Гостиварпред 12 часа

Пожари кај Бунец, меѓу Сретково и Церово, во атар на Горјане…Над тетовско Селце гори неколку дена

Гостиварпред 13 часа

Метеоролозите со предупредување за локално невреме

Гостиварпред 3 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена