Поврзи се со нас

Вести

Хоби: Изработка на уникатни ножеви | “DGKnives” | Гостивар

Објавено

на

Најмалку еднаш во денот, секој од нас користи нож. Но, дали некогаш сте се запрашале од што се прави, дали и колку е тежок процесот на изработка, кој нож за која намена е најдобар и слично. На овие и други прашања врзани со ножевите одговара 32 годишниот гостиварец Дане Гаврилоски, изработувач на ножеви со потпис “DGKnives”. Половина живот го посветил на создавањето ножеви, најпрво учејќи ја мајсторијата од својот дедо и усовршувајќи се до најситните детали. Малку необично, но вистинито: Гостивар можеби многу не знае за него и неговите ножеви, но тие се доста барани и познати како квалитет надвор од границите на земјава, во САД, Англија и на Балканот.

Од каде идејата да се занимаваш со изработка на ножеви?

-Ножевите отсекогаш ми биле интересни како алатки, кога бев дете дедо ми ми правеше дрвени ножеви, веројатно од таму почна се.

На 15-16 години почнав да се интересирам како се прават ножевите, да собирам информации, алати и материјали и малку по малку да работам со вистински ножеви, прво да преправам веќе постоечки, па после и сам да ги изработувам.

Која е процедурата за изработка на еден нож?

-Сега работам со готови сечива, до пред некое време правев и ножеви со мои сечива, но сега веќе  немам услови за изработка на сечива (недостиг на печка за калење и простор). Кога работам со готово сечиво крајната цена е пониска бидејќи трошам помалку работни часови.

Прво треба да се дојде до парче челик, челикот треба да се омекне во оган, да се бруси до саканата форма. Грубо да се полира, после тоа се кали во печка, па се стабилизира, после тоа фино се полира и се остри. После тоа се прави одбојник и рачка, па на крај и футрола. Со готовото сечиво се прави одбојник, рачка и футрола.

Какви материјали користиш за изработка на ножевите?

-Користам сечива од stainless (не’рѓосувачки) челик и од карбонски челик. Првите ги препорачувам за генерална употреба бидејќи се лесни за одржување, а карбонските ми се омилени, но не се за секого, тие мора да се одржуваат, после секоја употреба се мијат, се бришат детално и се намастуваат за да не фататат корозија. Но, затоа се многу пожилави и полесно се острат. Секако тука се и сечивата од дамаскус кои се препознатливи по шарите.

Месинг, алуминиум и бронза користам за одбојниците и украсите на рачките.

За рачките изборот е голем: егзорични дрва, прстени од кожа, рогови од елен, рог од ирвас, рог од бафало, разни синтетички смоли, најегзотичен и најскап материјал за рачка е фосил од мамут.

Колку ножеви имаш изработено до сега?

-Повеќе од 150.

Што треба да знаеме за да избереме квалитетен нож?

-Пред се` треба да се знае за која намена ви треба ножот. Дали е за лов, дали претежно ќе сече дрво,  дали е за кампување и слично. Од се тоа зависи и големината на ножот, потоа дали ножот да биде од stainless или карбонски челик.

Кои се според тебе најдобри ножеви кои може да се најдат кај нас и во светот?

-Најдобри ножеви нема, постојат добри и помалку добри ножеви. Кај нас од познатите брендови се застапени само Morakniv и Victorinox, за другите поголеми брендови нема застапник. Од познатите брендови би ги издвоил Helle, EnZo, BRKT, Spyderco, Benchmade, Fallkniven, Lionsteel….

Јас работам со EnZo, и ете да речеме дека тој бренд може да се најде кај нас.

Каде можат читателите на гостиварпрес да ги видат и купат од твоите ножеви?

-Продавница немам, а нема ни да имам како што стојат работите, добро е тоа што скоро секогаш имам ножеви на лагер дома. Кој е заинтересриан, лесно ќе ме најде.

Ви благодарам на поддршката и ви посакувам успех на целиот тим на Gostivarpress.mk.

Gostivarpress.mk

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 9 минути

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 1 час

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 2 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Како гласаше Гостивар во првиот круг на седмите претседателски избори?

Гостиварпред 3 часа

Повеќечасовно минирање кај гостиварска Бањица денес

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова 362.682 (40,08%), Стево Пендаровски 180.306 (19,93%)

Здравје и убавинапред 5 часа

11 намирници за подобра циркулација

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 16 часа

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 17 часа

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена