Поврзи се со нас

Вести

КК Гостивар: Одиме за Кавадарци да одиграме најдобро што знаеме

Објавено

на

Кошаркарскиот клуб Гостивар после подолго време ќе биде дел од завршницата на Купот на Македонија. Финалниот турнир ќе се одигра од 16 до 18 февруари во салата Јасмин во Кавадарци.

“Бело-сините” за противник во 1/4 ја имаат екипата на КК Куманово. Екипа со која се води борба и за четвртото место на табелата во првенството. Дуелот со кумановци е дерби на четвртфиналето, натпреварот се игра во петок во ударниот термин од 20:30 часот. Победникот од овој меч во полуфиналето ќе се сретне со подобриот од Работнички – Карпош Соколи.

Дел од играчите оптимистички расположени пред некогаш најмасовното кошаркарско натпреварување во државата го споделија нивното видување воочи стартот на финалниот Куп турнир.

За најискусниот меѓу нив и со најмногу одиграни куп натпревари Димче Тасоски првиот меч е клучен:

„За Кавадарци тргнуваме со спортски оптимизам, во четвртфиналето играме со Куманово, екипа од која изгубивме во првенството, но ако одиграме како знеме може да се надеваме на поволен резултат. Многу ни е важно првото коло да го поминеме, за понатака ќе размислуваме после тоа. Ќе дадеме максимум со сигурност“. вели Тасоски.

Андреј Магдевски очекува тежок натпревар, но и се надева на малку среќа:

„Нашиот прв натпревар ќе биде најинтересен бидејќи сме четврти и петти. Се разбира дека не очекува тежок натпревар, ќе дадеме максиумум, се надевам ќе не послужи и малку среќа да се најдеме во полуфиналето“.

Со сличнен коментар е и Јетмир Зеќири: Имаме тежок меч, но однапред ништо не е готово. Ќе се трудиме да одиграме најдобро што знеме, се надеваме на победа“.

Се на се, никој од гостиварскиот клуб не се предава однапред, иако сите знаат дека нема да биде ни малку лесно. Желни да остават трага на овој турнир кошаркарите утре наутро ќе патуваат за Кавадарци. Останува да го чекаме почетокот на натпреварот.

Четвртфиналните мечеви на програмата се во петок, во сабота ќе се играат полуфиналните натпревари, а големото финале е закажано за во недела.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 55 минути

Мирен изборен ден во Гостивар, попладнево поголема раздвиженост на избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Во Општина Гостивар до 11 часот излезноста е 7,46%

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Во Општина Врапчиште до 9 часот гласале 422 избирачи

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Први податоци за излезноста на изборите во Гостивар

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Седми претседателски избори во Македонија-Кој ќе биде идниот претседател?

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Сите избирачки места во Гостивар отворени навреме, гласањето тече

Македонијапред 18 часа

Пазарна инспекција ќе контролира дали трговците утре ќе работат

Гостиварпред 19 часа

Кривична пријава за бесправно градење во Гостивар

Македонијапред 21 час

Училиштата сепак нема да работат во саботи, наставата ќе се надомести во работните денови

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена