Вести
КК Гостивар сигурен против Карпош Соколи (111:83)
КК Гостивар вчера во спортската сала Младост во Гостивар ја забележа шестата победа во оваа сезона. “Бело-сините” ја совладаа екипата на Карпош Соколи со (111-83) по четвртини (22:26, 26:11, 31:24, 29:22).
Гостиварци иако фавороти лошо го отворија натпреварот, дозволија гостите од Скопје да постават своја игра и офанзивно доминираат во првите 15 минути. Работите си дојдоа на свое место кога домаќините заиграа поагресивно во одбраната и набрзина го свртеа резултатот во своја полза. Не дозволувајќи до крајот на мечот било какви изненадувања.
Диме Тасовски го одигра најдобриот натпревар во дресот на КК Гостивар, постигна 27 поени, 6 скока, 4 асистенции и шут за три 5 од 6. Тодоровиќ 21, Димчевски 19 поени. Дури десет кошаркари запишаа поени на овој натпревар, што не беше пример во изминатите натпревари.
Кај Карпош Соколи најефикасни беа Атанасов 28 и Богдановски 20 поени. Гостиварецот во редовите на Соколи, Заревски одигра 40 минути и постигна 16 поени.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар