Поврзи се со нас

Вести

КК Гостивар третпат поразен на домашен терен – Блокотехна убедлива 68:86

Објавено

на

По Работнички и Куманово, Блокотехна е третата екипа која успеа да слави на „жешкиот“ терен во Гостивар. Разликата е во тоа што првите две се мачеа до последниот звук на сирената, а гевгеличани ја имаа победата во своите раце веќе во средината на третата четвртина. Второпласираната екипа во првенството вчера триумфираше со 86:68 и го задржа чекорот со лидерот пред меѓусебниот дуел во следното коло од шампионатот.

Гостивар добро го почна натпреварот, по пет минути игра водеше со 15:10, а на 48 секунди пред крајот на првиот период и со највисоки шест разлика (26:20). Но, домаќините тука застанаа. Во тие 48 секунди и цела втора четвртина кошаркарите на Марјан Србиновски постигнаа само четири, а примија 21 поен, па Блокотехна со двоцифрена предност (41:30) замина на големиот одмор.

Таа криза во играта на Гостивар остави трага во натамошниот дел од мечот. Колку и да се трудеа, домаќините не успеваа да ја достигнат високата негатива која Блокотехна ја одржуваше, а на моменти и ја зголемуваше.

По четирите тројки во низа (три на Ѓуроски и една на Смит), во 29. минута гевгеличани поведоа и со 21 разлика (64:43). Со тоа исчезнаа сите надежи на Гостивар дека може, конечно, да победи една од првопласираните четири екипи на табелата.

Тотално потфрли шутот за три поени на Гостивар, домашните кошаркари во својата сала погодија само шест од 32 обида. Четири од нив беа дело на Ивица Димчевски. Сосема поинаков беше ефектот на Блокотехна чии играчи реализираа дури 14 тројки со 45% успешност.Димчевски и Магдевски беа единствените кои заслужија комплименти за својата игра во екипата на Гостивар. Мијатовиќ и Ѓуроски со по 16 поени беа најефикасни во тимот на Блокотехна.

КК Гостивар во следното коло ја пречекува екипата на МЗТ Скопје.

Во соработка со: basketball.mk

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена