Поврзи се со нас

Вести

Лани во гостиварско имало четири малолетни невести – опаѓа бројот на малолетнички бракови

Објавено

на

Се намалува бројот на малолетнички бракови на гостиварското подрачје во последните неколку години. За разлика од порано, кога формирањето на брачна заедница со малолетник беше почеста појава, сега веќе состојбите се менуваат. Податоците на Центарот за социјална работа во Гостивар покажуваат дека во 2016-та имало петнаесет малолетнички бракови, додека лани бројката паднала на четири. Службите паметат дека пред 7-8 години имало и по триесетина случаи годишно, од кои најголем дел биле македонски муслимани или ромска популација.

„Сега од година во година бројката постојано се намалува. Веројатно повеќе се слушаат советите на родителите и совеста проработува кај младите. Сепак, тоа се личности кои се наоѓаат во ранлива возраст, се уште не се сериозни, не се психо-физички созреани за да ги сфатат обврските и сето она што го носи бракот. Токму затоа и ризикот од развод е поголем кај малолетничките бракови“, вели Надица Величкоска, директор на Центарот за социјална работа во Гостивар.

Искуството говори дека во најголемиот процент од случаите, невестата е таа која нема 18 години.

При одлука за малолетнички брак, парот мора да посети Советувалиште за брак и семејство кадешто добиваат совети, информации и едукација околу она што го носи заедничкиот живот и бракот.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Изјава на Максим Димитриевски, кандидат за претседател од ЗНАМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Изјава на Арбен Таравари, кандидат за претседател од ВЛЕН

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Изјава на Билјана Ванковска, кандидатка за претседател на државата од ЛЕВИЦА

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Бујар Османи од ДУИ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски од ГРОМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Изјава на Гордана Силјановска Давкова, кандидатка за претседател од ВМРО-ДПМНЕ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски од СДСМ

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена