• Дата: 13/02/2018

Лавина на патот Маврово-Дебар, сообраќајот во целосен прекин

Попладнево околу 17.45 минути на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар, кај бензинската пумпа на Макпетрол паднала поголема лавина, поради што сообраќајот на тој патен правец е во целосен прекин. Според информациите од портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски нема затрупани возила и луѓе и наскоро се очекува да почне расчитувањето на патот.

На терен се екипи на Македонија пат, граничната полиција и од полициското одделение Ростуше. Расчитувањето на лавината, која била доста голема се проценува дека ќе трае неколку часа.

 

Оставете коментар

Вашата Емаил адреса нема да биде објавена.Задолжителните полиња се означени *

*