Поврзи се со нас

Музика

Марија Ана Моцарт – Генијалната сестра на виртуозот Волфганг Амадеус Моцарт

Објавено

на

Марија Ана Моцарт, која нагалено ја викале Нанерл, била постара и единствена сестра на музичкиот гениј Волфганг Амадеус Моцарт. Родена е во Салцбург, 30 јули 1751 година, и била чудо од дете, исто како и нејзиниот помлад брат.

Повеќе од три години, Марија Ана Моцарт со својот помал брат гостувала по многу европски метрополи, Лондон, Париз, Минхен, Виена и била запаметена како една од најдобрите пијанисти на својата генерација. Нивниот татко, Леополд Моцарт, кој бил дворски музичар, почнал да ја учи својата ќерка да свири на чембало (или клавичембало) кога имала 7 години.

Нанерл, исто како и нејзиниот брат, знаела да ги отсвири и најкомплицираните дела и да запише ноти од било која композиција која ќе ја слушне. Леополд во 1764 година, во едно писмо напишал: “Моето девојче ги свири најтешките дела кои ги имаме, со неверојатна прецизност и тоа извонредно. Ова кажува дека таа, иако има само 12 години, е една од најдобрите пијанисти во Европа”.

Марија Ана Моцарт со своите турнеи завршила кога наполнила 18 години. Таа била стасана за мажење и повеќе не и било дозволено да оди на турнеи. Додека таткото и братот патувале низ Европа, Нанерл седела во Салцбург и учела женски работичекајќи да се омажи. Но, во брачните води запловила дури во 1784 година, а во меѓувреме се занимавала со компонирање. Останува зачувано писмото кое Волфганг и го испратил од Рим во 1770 година, во кое се воодушевува на нејзините композиции. За жал, нејзините дела не се познати.
За нејзината судбина одлучувал нејзиниот татко Леополд, поради кој била приморана да го одбие бракот на Франц де Иполд, иако била вљубена во него. Нанерл на крајот се омажила за Јохан Баптиста Франц, вдовец со 5 деца. Марија Ана Моцарт му родила уште три.

Нејзиниот сопруг починал во 1801 година, а таа се вратила во Салцбург, каде што работела како професор по музика. Поради лошото здравје ослепела во 1825 година. Четири години потоа на 29 октомври 1829 година, Марија Ана Моцарт умира во својата 78 година. Погребана е на гробиштата Свети Петар во Салцбург.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Вестипред 1 час

Невреме во Турција, торнадо кај Измир и откорнати дрвја, оштетени возила

Македонијапред 5 часа

Ниска сообраќајна култура-Се вози брзо, под дејство на алкохол, се прскаат пешаци…

Македонијапред 6 часа

Нови 46 случаи на голема кашлица во земјава од 12 до 18 април

Македонијапред 7 часа

СОНК бара да се повлече одлуката за одработување на 24 април и 8 мај

Гостиварпред 8 часа

Метео аларм за утре (недела): Пороен дожд, грмежи и ветер

Здравје и убавинапред 8 часа

Овошјa кои треба да се јадат за здраво и нормално варење на храната

Деца Родителипред 22 часа

Разновидна исхрана за правилен развој на детскиот мозок

ИЗБОРИ 2024пред 1 ден

Претседателски избори: Утре први гласаат членовите на ИО во дијаспората

Дафина Стојаноска
ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 1 ден

Стојаноска: Кај граѓаните има расположение за промени, го користиме секој момент да ги сослушаме

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена