Поврзи се со нас

Временска машина

Гостивар “седамдесет и неке” со ®Ban Ki Mun®!!!

Објавено

на

Некогаш не така одамна постоеше еден град, стотина километри и милион години одалечени од реалноста. Околу градот имаше ограда од едноставни желби и неостварени соништа кои чекаат на шалтерот на животот да ги повикаат да бидат споени со својот сонувач. Но како што обично и се случува во реалноста не секогаш сонот успева да го најде својот сонувач. И така некои соништа остануваат засекогаш на крајот од градот заковани на првата патарина како линија која не може да се помине од страна на сонувачите во нереалниот град.

Уште бев многу млад. Заспивав со силно стисната дланка на мојата мајка, идоли ми беа мечето ушко, попај, розовиот пантер  и нивната дружина, во среда се дружев со Бранко Коцкица, четврток со Коларичу Паничу и така ден за ден, некако лежерно, топло, успорено Гостијарски.

Гостивар 70 и некоја, ееееееее мои драги Гостиварчани како да ви доловам, како да ви насликам какво е тоа чуство, како?! Во контекст на сите оние чувства кои денес ги опишувате на вашите фејсбук профили. Чувството кога ќе најдеш 100 денари во џебот на некои фармерки кои ги немаш носено две недели. Чувството кога после некоја мачна епизода на вашата вe-цe шолја ти станува јасно дека нема тоалет! Чувството на првиот допир со женските усни под некое Гостиварско дрво. Чувството кога ги разменуваш романчињата со Загор со некои постари броеви на Блек Стена и други разноразни чувства до недоглед. Гостивар е град на некогашната младост, на сегашната младост и на идната младост. Во Гостивар неможеш да остариш, годините си минуваат, времето си тече по коритито на Вардар, а ти остануваш во паметот млад. Можда на некоја ренген снимка ке се открие тајната дека ти всушност  имаш 30, 40, 50 или можда 60 и некоја ама на ренген не се покажува душата Гостиарска, а таа е секогаш млада. Значи вака беше.

Како што кажав бев уште многу млад и уште многу работи не ми беа јасни, ама родителите на работа и тебе дома некој мора да чува, абе драмска ситуација. И така откако едногласно беше одбиено да ме чува Бандини дојдовме до заклучок дека најдобро е да ме чува мојата роднина од Црвениково Скопско. Така сите среќни и весели и волкот сит и овците на број. Мојата роднина беше девојче која од една попасивна средина дојде во едно место кај својот вујко. За тие времиња и сфаќања на убавината вероватно беше скромна 7.

И девојчето нормално сакаше да се дотера да прошета да излезе негде да види некого да биде видена и така одат тие работи. Во тој расплет на работите дојдов до ситуација да бидам дел од атмосферата на некогашното “Гостијарско Корзо” како придружник на мојата роднина. Пошто девојчево е ново во градов и неможе само да го пуштат да шета, така од стара Нама до некаде парарелно од Поштата беше една невидена гужва секоја вечер цело лето. Парарелно со поштата од другата  страна на улицата  на самиот чош имаше една семкара која секоја вечер продаваше топли семки, кикирики и тука се чекаше ред за својот фишек полн со занимација. Го земаш фишекот и со своето друштво доколку има слободно дрво се потпираш на дрвото и од 20 часот до 23 часот грицкаш, лупаш глупости, шмекаш, дофрлаш на некои женски се запознаваш, ако си комплетен мора да имаш и синџирче кое го вртиш околу показалецот чисто онака да се знае дека си во тек со некои фраерски манири. Нормално ноктот од малиот прст да ти е пуштен, абе прав Гостиарски мангуп од 70 и некоја. И ако има некоја така похрабра Гостиарчанка за во тоа време можда и ке дојде со тебе до “златен подрум” кој се наоѓаше испод сегасно Џудo, а тогашно Борово. Абе Гостивар како од некој Руски роман, социјализам фраери со црвени образи, девојки дотерани со еклани блузичиња, шетаат по гостиарското корзо со очите заковани по гостиарската коцка и така секоја вечер цело лето да видат, да бидат видени. Незнам зошто но и ден ден ја памтам сликата како Живко кој работеше во книжарата кај сегашно витамин ага после градското мало пазарче со синџирчето кое го моташе околу едно стапче си се смешкаше накај мојата роднина и со стапчето покажуваше на патетнтот од нејзината сукња и онака раскезен делуваше ептен зрел за егсорцизам. Tака пошто ја имав чиста пионерска душа мада во тоа време уште не бев пионер таа случка од КОРЗОТО морав да ја пренесам во штабот и на кратко ситуацијата ескалира, роднината си доби шамар од вујче, тиквата пукна и накратко после тоа роднината си се врати во своето родно Црвениково.

Тоа е моето сеќавање на Гостиварското корзо, еден вид на социјална улица каде младите Гостиварчани ја разлеваа својата младост по Гостиварската коцка. Од стара Нама, поранешна Југопластика па се до Борово Гостиваркото Корзо за тоа време беше еден феномен кој тогашните Гостиварчани го практикувале секојдневно во летните периоди, вероватно идеата за многумина од нас е родена баш тука на коцките на Гостиварското Корзо, каде што нашите родители се запознале, каде што скришно се погледнале, и така како што оделе сите тие работи во тоа време.

Гостивар ’78 ’79 јадеш леб од Жито Шар, пиеш млеко од едни плави најлончиња на кои пишува Полог Тетово се дружиш со децата од своето мало, играш жмурки, печка, барнато и така животот си тече во една нејасна убајна. Нема ВМРО, нема СДСМ нигде нервоза, нигде немир. Лето као лето долго топло ама брзо поминува, така да зборовите на крајот од тоа лето беа мора да одиш во забавиште нема кој да те чува, братучедкати замина. Бандини не доаѓа во предвид спремај се од Септемри кај учителката Загорка  во просториите на пионерскиот дом да почнеш да се прилагодуваш на образовниот систем на Социјиалистицка Федеративна Република Југославија .

И така  во мојот живот дојдоа луѓе кои до ден денес се тука некаде околу моето битие. Тоа беше самиот почеток на една нова гостиварска приказна која во еден период од својата реалност наликуваше на холувудска сторија но со тек на време како што обично се случува во животот се повеќе стануваш лик од некој руски роман.

Носталгично навраќање на некогашниот Гостивар и ако беше помалку благо приспивно за тоа е крива оваа топла Гостиварска есен, а каде сте вие мои драги Гостиварчани? Ајварот сигурно е веќе на полиците во вашите подруми, дрвата спремни исцепени исушени, јорганите сигурно уште пред две недели извадени и спремни за ладните Гостиварски ноќи, октомври заминува кај и да е и кацата за зелка ке ја спремите деновиве и вие сте топ спремни за зимата која доаѓа, така све во круг панта реи све се менува све тече други ликови а исти улоги.

Имајте доволно љубов, разбирање имајте чист гостијарски муабет, зимата е пред вас и како мечките што прават можете слободно да заспиете и да спиете цели 3, 4 месеци и после тој длабок зимски сон кога ке се разбудите пак тука за вас ке биде вашиот Гостивар .

Со чиста мисла и  убав збор секогаш за вас вашиот

®Ban Ki Mun ®!!!

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 2 часа

Вработените во култура на протест, најава и за генерален штрајк

Вестипред 2 часа

Франција најголем увозник на руски гас во ЕУ

Гостиварпред 3 часа

Приведување во Гостивар, мајка го пријавила синот за агресивно однесување

Македонијапред 4 часа

Четврти ден штрајк на приватните специјализанти, осуда за притисоците

ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Скратени часови на 23 април и 7 мај во училиштата во кои ќе се гласа на изборите

Гостиварпред 6 часа

Какво културно наследство „крие“ Гостивар – Изложба на фотографии и разгледување на Саат Кулата

Гостиварпред 8 часа

Изгубена или украдена? Со картичка на гостиварец некој си пазарувал во маркет во Тетово

ИЗБОРИ 2024пред 10 часа

Денес почнува кампањата за Парламентарните избори

Здравје и убавинапред 12 часа

Сремуш – одлично средство за чистење на организмот после зимските месеци

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена