Поврзи се со нас

Живот

Прекрасни места за прошетка во гостиварскиот регион (3)

Објавено

на

Продолжуваме со предлози за посета на места во нашиот крај кои изобилуваат со природни убавини и каде може да ја одморите душата и да се препуштите на уживањето.

Врбен

Ова горнореканско село, опкружено со шуми и пасишта е дар од природата кој едноставно треба да се доживее. Таму владее неодолив мирис на мајчина душичка, чист воздух, мир и спокој. Врбен, за разлика од другите села во тој регион не е раселен.  Напротив, има околу 150 жители. Се наоѓа на над 1.600 метри надморска висина, а до селото од Маврови Анови води посебен пат. Искачувањето нагоре по патот донесува  прекрасен поглед.

Шумата во околината на Врбен е позната по богатството од билки за чаеви, шумски плодови и печурки. Да не заборавиме да ја споменеме и Хидроцентралата Врбен, што е можеби прва асоцијација за селото.

Сафари парк на НП „Маврово“

Ако до сега не сте ја искористиле можноста за обиколка на Сафари паркот, направете го тоа летово. Локација која изобилува со прекрасни места за одмор,  видиковци, чешма со ладна изворска вода и кула за набљудување на животните од каде  може да излезат неповторливи фотографии. Паркот зафаќа површина од 430 хектари, а низ него ќе ве водат стручни лица – ренџери од Националниот парк „Маврово“  кои ќе ве информираат за околината, за животните и слично. Во Сафари паркот  живеат европски елени како и елен лопатар.

Во склоп на местото функционира и детската едукативна патека наменета за организирани тури на деца од 6 до 12 години.

Пожаране

Селото е сместено на падините на Шар Планина, на 900 метри надморска висина. Од Гостивар е одалечено околу 15 километри. Пожаране ќе ве плени со раскошното зеленило и природното опкружување со густа шума. Во минатото било доста населено и живо село, со бројни културни и спортски манифестации. Денес може да се сретне по некој пензионер и луѓе кои навраќаат за мирен и тивок одмор во своите викендици.

Многу позната е месноста Илиница, кое се наоѓа пред селото. Тука има црква Св.Илија, во која секоја година за 2 август се организира голема слава. Пред неколку години беше пуштена во употреба и чешма од која се верува дека тече лековита вода. Инаку самото Пожаране се нарекува село на многу чешми. Ги има чешмите: Гујчиница, Јаноска, Петроа, Јанческа, Волческа и други. Местото е познато по производство на еколошки мед.

(продолжува)

 

Прекрасни места за прошетка во гостиварскиот регион (1)

Прекрасни места за прошетка во гостиварскиот регион (2)

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 13 минути

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 49 минути

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 2 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 3 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Како гласаше Гостивар во првиот круг на седмите претседателски избори?

Гостиварпред 4 часа

Повеќечасовно минирање кај гостиварска Бањица денес

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова 362.682 (40,08%), Стево Пендаровски 180.306 (19,93%)

Здравје и убавинапред 6 часа

11 намирници за подобра циркулација

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 17 часа

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена