Поврзи се со нас

Интервју

Моника Вељаноска, координатор на проект за детски права

Објавено

на

„Децата своите права треба да ги учат на разбирлив и креативен начин“

Гостивар е еден од десетте градови во Македонија, во кои се спроведува проектот „Имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Р.Македонија“, поддржан од Детската Фондација Песталоци. Во активностите, веќе шест години по ред, се вклучени ООУ „Гоце Делчев“ и средното економско училиште, каде е воведен модел Дете правобранител. Оваа година, уште две училишта добија деца правобранители и тоа средното медицинско и техничкото училиште. Проектот го имплементира Младинската Коалиција “СЕГА“, а во Гостивар се реализира во соработка со НВО АДИ. За активностите, значењето, почитувањето и на детските права поразговаравме со Моника Вељаноска, координатор на проектот.

Какви активности се реализирани во гостиварските училишта кои се дел од проектот и како функционира всушност моделот Дете правобранител?

Секоја втора година објавуваме повик за Дете правобранител, а заинтересираните ученици, по сопствена иницијатива се пријавуваат за дадената функција. Потоа следува интервју со нив и се избираат оние за кои тимот смета дека се најдобро подготвени за улогата која треба да ја извршуваат. Децата правобранители (по едно дете/девојче од секој наставен јазик застапен во училиштето) меѓусебно соработуваат за да ги подобрат и унапредат нивните права во училиштето. Тоа го прават преку соработка со ученичката организација и училиштето, преку промоција и едукација за детските права. Децата во училиштето на попрактичен и покреативен начин учат за своите права, дискутираат за нивните проблеми , бараат решенија и меѓусебно соработуваат. Учат како треба да соработуваат со управата, како да се обратат до институција, како да ги застапуваат своите интереси и потреби и сл.

Кои се до сега придобивките од проектот, за децата и за училиштата?

Детето правобранител е врската кој треба да ги поврзува управувачките структури, стручните служби во училиштата и учениците. Тоа значи доколку во училиштето се случи прекршување на некое право, децата правобранители во соработка со стручната служба одлучуваат по поднесената претставка/проблем. Доколку учениците “заглават“ истите имаат контакт со Заменик Народниот правобранител, кој преку препораки, но и преку директни интервенции може да помогне при решавање на претставката. Детето правобранител исто така е и едукатор и промотор на детските права.

Во однос на пријавување на прекршувања на правата, на што до сега децата се пожалиле?

Хигиената во училиштата е најчесто разговараниот проблем, но она што ние се трудиме е поттикнување и на одговорност и грижа на учениците за хигиената и инвентарот во училиштето. Забележливо е дека некои права учениците добро ги знаат и препознаваат, а некои не. Па, оттаму е и нашиот фокус, детските права да бидат пренесувани на начин кој е разбирлив и читлив за нивната возраст.

Дали возрасните сериозно ги сфаќаат и третираат забелешките на децата и колку ги прифаќаат нивните предлози и мислење?

Во училиштата доста е важно да се работи на врската стручна служба, раководство и учениците (претседатели на училишта и дете правобранители). Градењето на врска на доверба и соработка дава придобивки. Досега и во двете проектни училишта сме наишле на соработка и отворена врата кај овие структури и нивна подготвеност да ги сослушаат учениците.

Во рамки на проектот, децата од Гостивар учествуаат на интеркултурна размена во Швајцарија. Со какви искуства се враќаат од таму? 

Секоја година по осум ученици од проектните училишта (СЕОУ „Гостивар“ и ООУ „Гоце Делчев“) посетуваат двонедела настава во Троген – Швајцарија, каде е и сместено детското село Песталоци. Детското село го сочинуваат неколку сместувачки куќи, супер спортска сала, училиште, а има и музеј.

Самата настава е концепирана на таков начин да учениците на интерактивен и интересен начин да се запознаат со поимите анти-дискриминација, идентитет, интеркултурна комуникација и слично. Стекнатите знаења и искуства учениците имаат обврска да ги пренесат назад во матичните училишта на соучениците. Она што е интересно при престојот во Троген е одговорноста и грижата за куќата која им е доделена на учениците, односно учениците под надзор на супервизор се грижат за местото (куќата) каде се сместени, учат да го рециклираат отпадот, се грижат за хигиената во своите соби, кујната, спортската сала.

Дополнителна вредност за нашиот град се меѓуетнички пријателства кои таму се развиваат (на интеркултурната размена одат деца од сите етникуми застапени во училиштата), учениците кои биле во Троген од пред неколку години и денес се другари. Учениците две недели се сместени во таков контекст каде меѓусебно соработуваат што понатаму тоа влева доверба и толеранција, а е и можност за нивно запознавање и дружење.

Што планирате за понатаму, има ли некои новини во проектот?

Оваа година знаењата за детските права ќе ги споделуваме и со наставниот кадар. И понатаму ќе ја користиме детската и младинската креативност при запознавање и учење на детските права (ќе организираме конкурс за најдобар цртеж или стихозбирка која опфаќа детско право). Ќе се потрудиме и учениците да се запознаат со дел од институциите во градот, ќе посетиме Седница на Совет на општината, секторот во Општината задолжен за образование, градската библиотека и сл.

 

Љупка Антеска

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Изјава на Максим Димитриевски, кандидат за претседател од ЗНАМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Изјава на Арбен Таравари, кандидат за претседател од ВЛЕН

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Изјава на Билјана Ванковска, кандидатка за претседател на државата од ЛЕВИЦА

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Бујар Османи од ДУИ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски од ГРОМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Изјава на Гордана Силјановска Давкова, кандидатка за претседател од ВМРО-ДПМНЕ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски од СДСМ

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена