Музика
Најновото од Фаворити бенд: “Песна за Гостивар” со досега необјавено видео
Гостиварските фолкери Фаворити бенд, најновиот производ од својата музичка работилница го посветија на родниот град.
Музиката и текстот на “Песна за Гостивар” се дело на членовите на бендот Драган Матески (текст) и Златко Бошкоски (музика), а аранжманот го изработи Љупчо Соколовски. Песната е снимена во студиото City Sound во Скопје, додека видео записот чија конечна и до сега необјавена верзија ви ја претставуваме на нашиот портал, е на ProCam студио од Гостивар.
“Нашата нова песна, Песна за Гостивар e идеjа на целиот бенд Фаворити. Mотивирани од нашата долгогодишна работа во музиката решивме на некој начин да се оддолжиме на нашиот град и на сите оние кои за Гостивар ги врзуваат убави спомени. Ние тоа најубаво може да го изразиме преку песна. Ќе продолжиме и понатака со творење и создавање на нови песни во духот на македонската народна музика”, велат гостиварските Фаворити Бенд.
Уживајте во најновата “Песна за Гостивар”:
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар