Вести
Обичаи за Стара нова и Василица во Гостивар и гостиварско
Стара нова година и Василица традиционално со низа обичаи се прославуваат во Гостивар и гостиварско. Најрадосни и највозбудени се децата кои ги негуваат старинските обичаи врзани за Василица. Со дренови гранчиња одат од врата до врата, тропаат и пеат василичарски песни, а домаќините пак ги даруваат.
Ова е позната гостиварска василичарска песна:
Трака трака василица
дај ми бабо сланиница
да наранам дечињата
да им пукнат мешињата.
Сура догодина повесели!
Селото Зубовце има карактеристична прослава на Василица. Главни се младите момчиња василичари кои маскирани шетаат по куќите, ги благословуваат и веселат домаќините од кои добиваат дарови, ракија, вино, јајца, колбаси и пари. На сред село се игра оро и маскираните василичари пеат народни македонските песни. Откако мини маскенбалот ќе го прошета целото село, се организира заеднички празничен ручек, традиционално со зубовско гравче.
Според обичаите, слично како за Бадник, за Василица семејството се собира на трпеза и се крши погача или пита со паричка. Симболиката на паричката е иста, односно се верува дека оној што ќе му падне ќе има среќна и бериќетна година.
Во црквата „Пресвета Богородица“ во Гостивар, утре наутро ќе биде отслужена литургија на Свети Василиј Велики.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар