Поврзи се со нас

Деца Родители

Одговорно родителство – детето е посебна личност, а не дел од телото и духот на родителите

Објавено

на

Порано или подоцна младите брачни парови ќе се одлучат и ќе го планираат семејството со деца. Раѓањето на децата треба да биде планирана желба на двајцата родители, зашто само така тие ќе можат да ги обезбедат психосоцијалните услови кои се потребни за неговиот непречен развој.

Кога партнерите ќе го планираат раѓањето на дететo, значајно е да бидат свесни дека доаѓањето на детето ќе го промени нивниот меѓусебен однос и дека новиот член на семејството ќе ги измени дотогашните навики и начинот на живеење. На тоа партнерите треба однапред да бидат подготвени за да можат полесно и поуспешно да ја прифатат улогата на родител. Со овој чин брачниот однос добива нов квалитет, нова содржина, поточно тој прераснува во семеен однос.

Создавањето на семејство го менува и квалитетот на односите меѓу партнерите кои прифаќаат нови одговорности  и го збогатуваат својот живот со нови содржини и задоволства што го носи родителството.

Што значи да се биде родител

Тешко е да се каже дали воопшто размислуваме што значи да се биде родител, бидејќи децата се нормален резултат од брачниот живот. Родителите децата ги доживуваат како дел од животот и како сопствено продолжување. Во текот на нивното растење родителите на своите деца им пренесуваат различни содржини на својата личност, психолошка, емоционална, социјална и интелектуална.

Тие особини можат да бидат позитивни, но и негативни. Затоа мора секогаш да се има во предвид дека детето од раѓање е личност за себе и дека во текот на растењето и развојот треба да стане посебна личност, а не дел од телото и духот на родителите и нивниот живот. Со родителската функција и големата љубов низ грижата, чувањето, воспитанието и задоволувањето на сите услови за правилен развиток на детето, треба да му се овозможи да стане зрела, стабилна и целосна личност.

Тоа ќе може доколку и родителите низ секоја од фазите на растење на детето се менува во склад со промените кај детето. Детето е активно суштество кое влијае врз родителите, бара свој животен простор и тоа не само физички туку и психички.

Подготовка за родителство

Какви родители ќе бидеме зависи меѓу другото и од нашето детство и од улогата на нашите родители. Растејќи во примарното семејство се учат и родителските улоги. Примајќи ја љубовта на родителите добиваме поттик за живот и иницијална искра за идното родителство, за потоа да им се радуваме на сопствените деца, но и моќ да им пружиме љубов и чувство на сигурност.

Може да се каже дека стануваме здрели за одговорно родителство, тогаш кога ќе се ослободиме од зависноста на сопствените родители. Кога ќе им простиме за многу работи што сме ги чувствувале како неправда како деца и кога низ сопствен процес на учење и надоградување ќе умееме да развиеме повеќе сензитивност за потребите на нашите деца.

(Следува – Бременост)

пишува:м-р Слаѓана Анѓелкоска, психолог
Советувалиште за брак и семејство
Центар за социјална работа Гостивар

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена