Поврзи се со нас

Вести

Општина Гостивар доби грант од 120 илјади евра од EУ и УНДП

Објавено

на

Во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан, градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари потпиша Меморандум за соработка со претставничкaта на УНДП, Луиза Винтон и претставникот на делегацијата на ЕУ, Николас Бертолини.

Во наредните две години, УНДП ќе му додели на општина Гостивар грант од 120.000 евра за разни проекти поврзани со барањата и потребите на граѓаните. Општина Гостивар е една од само 5 општини во Македонија кои добиваат од ваков грант од УНДП и избрана е според неколку критериуми, вклучувајќи географска разновидност, можност за кофинансирање и транспарентно финансирање со граѓанското општество, информираат од општината.

Програмата финансирана од ЕУ а кофинансирана од УНДП и општините, обезбедува поддршка за проекти од јавен интерес и подобрување на општинските услуги и квалитетот на живеење на жителите во општините. Посебно внимание ќе се посвети на проекти за социјална инклузија, родова еднаквост, ранливи групи, човекови права и заштита на животната средина.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена