Вести
Патувачка изложба: Гостиварските средношколци ја раскажаа приказната на Ана Франк
Гостиварци имаат можност на интересен начин, преку фотографии и историски записи да се запознаат со животот на познатата еврејка Ана Франк и нејзината голгота во Втората светска војна. Изложбата посветена на Ана беше отворена вчеравечер во Центарот за култура АСНОМ, а панелите остануваат во салата за заинтересираните посетители цела недела.
Проектот е во организација на Младинскиот образовен форум и Куќата на Ана Франк од Амстердам, а е поддржан од Министерствата за образование, за надворешни работи и за култура како и од Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија.
„И покрај се верувам дека луѓето се навистина добри, напишала меѓу другото во својот дневник Ана Франк. Овие и другите нејзини размислувања се навистина потресно сведоштво за најтрагичните времиња во историјата на човештвото, но истовремено се и лекција дека тие настани не треба да бидат заборавени ниту повторени“, рече отворањето на изложбата Јован Теговски, Национален координатор за меѓународна алијанса за сеќавање на холокаустот
„Зборовите на Ана Франк треба да ни бидат поттик и да не потсетат да го вреднуваме тоа што го имаме – слободата“, рече Фари Хисени од Младинскиот образовен форум
Директорот на гостиварскиот Центар за култура, Луан Зенки истакна дека е голема чест да се биде домаќин на проект од ваков вид каков што рече за прв пат се организира во Гостивар. Кусо обраќање во знак на благодарност до организаторите имаше и Афердита Ханза од општина Гостивар.
За изложбата интересен и оригинален е моментот што водичи за посетителите беа средношколци од гимназијата економското училиште, кои претходно поминале обука за да ја раскажат приказната на Ана Франк.
Проектот има за цел да го покрене вниманието и поттикне дискусија за настаните од блиското минато на Западен Балкан кои се причина за различни поделби и генерирање на конфликти во минатиот век.
Во изложбата има и панели кои се креирани посебно за македонскиот контекст во периодот по Втората светска војна до денес.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар