Поврзи се со нас

Македонија

Полошкиот меѓу трите региони во Македонија со најмногу заболени од рак

Објавено

на

 

Карциномите се втората најчеста причина за смрт во Македонија, веднаш после инфарктите и мозочните удари.

Податоците од Институтот за јавно здравје покажуваат дека бројот на смртни случаи од рак во земјава расте. Во 2010 година од рак починале 3.705, а во 2016 година 3.882 лица. Статистиките говорат дека мажите почесто умираат од карциноми. Кај мажите најчеста причина за смрт од малигни неоплазми е малигната неоплазма на бронх и бел дроб со стапка на морталитет која се движи околу 65 починати на 100.000 мажи годишно. Кај жените најчеста причина за смрт е малигната неоплазма на дојка. Стапката на морталитет се движи околу 30 на 100.000 жени.

Анализите на медицинарите покажуваат намалување на старосната граница на заболени. Се почесто се регистрираат случаи на заболени од рак на возраст од 25 до 34 години, а зголемен е и бројот на заболени од 15 до 24 години. Најмногу заболени од карцином има во Пелагонискиот регион, по кој следат Полошкиот и Скопскиот регион.

Лекарите посочуваат дека најчести причини за заболувањето од рак се пушењето и аерозагадувањето и нагласуваат дека колку порано се открие ракот толку поголеми се шансите за успешно лекување. Апелираат граѓаните да ги користат бесплатните превентивни прегледи кои ги нуди државата за скрининг на рак на дебелото црево и на грлот на матката.

Ракот во моментот е одговорен за речиси еден од шест смртни случаи на глобално ниво. Секоја година кај повеќе од 14 милиони луѓе се дијагностицира рак, и оваа бројка се очекува да се зголеми на повеќе од 21 милиони до 2030 година.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена