Поврзи се со нас

Вести

Пристигнуваат донации – Зрак светлина во мрачното секојдневие на Јосифоски

Објавено

на

По објавувањето во јавноста на повикот за помош на семејството Јосифоски од гостиварската населба Циглана, започнаа да пристигнуваат донации. Сторијата за тешкиот живот на Милотин, Гајта и Радица допре до срцата на граѓаните и ја разбуди хуманоста. Денес на градскиот плоштад во хуманитарна акција беа собрани 8.300 денари, пакети со храна и прехранбени производи и средства за хигиена кои веднаш им беа доставени на семејството.

Еден од иницијаторите на акцијата, гостиварката Билјана Беловинова вели дека ваквите акции се добредојдени, но не се трајно решение за проблемот со сиромаштијата и гладните граѓани во Гостивар.

„Би требало да се организира народна кујна кадешто загрозените семејства би можеле да добиваат топол оброк неколку пати во неделата. Тоа ќе им биде од голема помош. Исто така, добро би било да има посебен простор за организирано динирање на облеката, кадешто во определен ден граѓаните ќе ја донесат донацијата, а оние на кои им е потребна ќе ја подигнат. Навистина мора да се најдат начини да им се помогне на луѓето кои живеат на работ на егзистенција“, вели Билјана.

Јосифоски велат дека од објавувањето на апелот, секојдневно им се јавуваат или ги посетуваат луѓе кои донираат или им нудат некаков вид на помош. Од Месната заедница Циглана подмириле трошоци за лекарски прегледи и анализи за Радица во приватна клиника, обезбедиле други донации, а дале ветување дека ќе им го санираат домот и ќе им изградат купатило.

Со семејството се солидаризираа и зубовчани кои го посетија семејството и донираа 8.000 денари пари собрани од крстот за Водици и други прехрамбени производи.

Оние кои сакаат да им помогнат може да ги исконтактираат на тел. 078-743-519.
Трансакциска сметка: Тутунска банка – 210501717290377 – Милотин Јосифоски.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена