Поврзи се со нас

Вести

Разговор со д-р Берун Мустафа, специјалист по хигиена – Центар за јавно здравје Гостивар

Објавено

на

„Загадениот воздух е ризик за сите органи во човековиот организам“

 

Од неодамна во Гостивар започна мерење на квалитетот на воздухот, нивото на штетни честички и загаденоста. Иако од Министерството за животна средина рекоа дека ова се пробни мерења, кај граѓаните високите вредности што ги покажува мониторинг станицата, создаваат загриженост. Се случува во вечерните часови, штетните ПМ10 честички да достигнат трипати поголема вредност од дозволеното, а во одредени денови и средните дневни вредности да се кренат над максимумот.

Со д-р Берун Мустафа, специјалист по хигиена од Центарот за јавно здравје во Гостивар разговаравме на тема аерозагаденост и човековото здравје.

Каква е штетата за човекот кога дише загаден воздухот? Кои органи најмногу страдаат и какви се болести може да бидат предизвикани од аерозагадување?

Д-р Мустафа: Според истражувањата, денес постои уверување дека во организмот нема орган кој не страда од штетните честички што ги има при аерозагадување. Дирекно најизложени на штетното дејство се респираторните органи и кај нив доаѓа до пореметување на ткивото и пореметување на трансформацијата на јаглероден диоксид во кислород, со што доаѓа до намалување на кислородот во органите. Токму поради тоа, со намалување на кислород се појавуваат и други штетни дејства и тоа врз кардиоваскуларниот систем. Значи може да дојде до појава на срцев инфаркт. Се смета дека околу 25% од миокардните инфаркти се последица на фактори на аерозагадување. Исто така, со загадувањето се засегнати и органите каде се врши таложење на штетните честички, што значи во подоцнежните години на животот на човекот може да се јави карцином на разни делови на организмот. Во овие честички има некои материи кои и според Светската здравствена организација се канцерогени од прв ред.

Може ли да се издвојат некои групи на луѓе чие здравје е под најголем ризик од загадениот воздух?

Д-р Мустафа: Секако дека има одредени катерогии граѓани кои спаѓаат во ризични, поранливи, кога зборуваме за здравствени последици од аерозагадување. Тоа се бебињата и малите деца кај кои органите за дишење се уште се во фаза на развој, потоа хронично болните чие кревко здравје може лесно да се најде на голем удар од загаден воздух, бремените жени и слично. Ова не значи дека сите останати се поштедени, туку само дека кај тие категории ризикот е поголем и штетата врз здравјето може да биде многу сериозна.

Што кажуваат вашите сознанија, кои се најголемите загадувачи и какви мерки препорачувате за намалување на аерозагадувањето?  

Д-р Мустафа: За справување со аерозагадувањето мора да постои еден мултисекторален пристап. На нашето подрачје најголемиот дел од граѓаните користат дрво за загревање на домовите во зимскиот период и токму најголемиот процент од загадувањето е причинето од огревот. Мерките треба да се преземаат на централно ниво, затоа што најдобро справување за овој проблем е гасификацијата на овој дел на земјава за кое се надеваме дека ќе се случи. Во однос на сообраќајот, автомобилите треба да се користат што помалку низ градската средина, почесто да се пешачи или да се вози велосипед. Исто така, треба да се води сметка и за индустриските објекти кои се наоѓаат во Гостивар – да ги задоволуваат пропишаните норми за филтри и други средства за да ги намалат штетите. Тука како фактор на загадување може да се спомне и палењето на отпадот, затоа што при палење се ослободуваат канцерогени материи.

 

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена