Поврзи се со нас

Вести

Разговор со д-р Ивица Богданоски – Како да се заштитиме од грип и настинки?

Објавено

на

 

Во сезоната на грип и настинки важно е да знаеме кои се мерките на заштита и што треба да преземеме за полесно да ги пребродиме болестите. На оваа тема зборуваме со д-р Ивица Богданоски, доктор на медицина во ПЗУ ДР.ИВИЦА во Гостивар.

Во овој временски период настинките и грипот ги напаѓаат граѓаните. Кои мерки на превенција ги препорачувате за да се подигне имунитетот и да се зајакне организмот?

д-р Богданоски:Внесување на многу овошје и зеленчук, избегнување на затворени, загушливи простории, кафулиња и слично. Редовно проветрување на домот или работната просторија. Внесување многу Ц-витамин. Кај постари и хронично болни лица се препорачува да ја примат вакцината против грип во просториита на Центарот за јавно здравје. Исто така треба да се избегнува контакт со луѓе со симптоми на грип. Медицинските лица кои имаат непосреден контакт со пациентите треба да носат заштитни маски.

Грипот и настинките многу ги погодуваат децата. Што да направат родителите за да ги заштитат и дали треба децата и бебињата да се изолираат дома додека е сезона на вируси?

д-р Богданоски:Некои работи е невозможно да се спречат, тоа е факт кога се работи за гриповите и малите деца. Би требало да се избегнуваат секакви поголеми собирања, гужви, па дури и да не се носат во градинка, секако ако тоа е можно.

Која е разликата меѓу настинка и грип?

д-р Богданоски:Воглавно, симптомите се многу слични. Дијагнозата ГРИП се поставува само ако се изолира вирусна инфекција. Кога станува збор за настинка и грип симптомите се следни: покачена температура, затнат нос или течење на воден секрет од носот, чувство на гребење на грлото, главоболка, кивање, кашлица, болка во мускулите, замор.

Познато е дека граѓаните сакаат да се лекуваат на своја рака. При кои симптоми е неопходно да побараат лекарска помош?

д-р Богданоски:Граѓаните може да побараат лекарска помош и никако не смеат да земаат лекарства на своја глава, но најголема причина за барање на лекарска помош е висока температура.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Здравје и убавинапред 37 минути

11 намирници за подобра циркулација

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 11 часа

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 12 часа

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 13 часа

Изјава на Максим Димитриевски, кандидат за претседател од ЗНАМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 13 часа

Изјава на Арбен Таравари, кандидат за претседател од ВЛЕН

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 13 часа

Изјава на Билјана Ванковска, кандидатка за претседател на државата од ЛЕВИЦА

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 13 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Бујар Османи од ДУИ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 13 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски од ГРОМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 13 часа

Изјава на Гордана Силјановска Давкова, кандидатка за претседател од ВМРО-ДПМНЕ

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена