Поврзи се со нас

Интервју

Разговор со Гази Абдураими, командир на ПС Гостивар

Објавено

на

 

Сообраќајките и пукањето на свадби, најголеми проблеми во летниот период

 

Секое лето во Гостивар низ улиците се случува сообраќаен хаос поради зголемената фреквенција на автомобили, се вози брзо, не се почитуваат правилата, се бележат зачестени сообраќајни несреќи. Какви мерки преземате во поглед на надминување на ваквата состојба?

Гази Абдураими: Ние постојано имаме контроли на терен, полицијата е присутна на улиците во секое време. Од наша страна се преземаат соодветни мерки против сите кои го прекршуваат законот. Во оваа прилика сакам да упатам апел до возачите да ги почитуваат сообраќајните знаци, укажувањата на униформираната полиција и особено да не возат брзо, за да не дојде до несакани последици. За оние кои нема да ги почитуваат законите, ќе следуваат соодветни казни и тука нема да се прават никакви отстапки.

Од почетокот на неделава во правец на намалување на сообраќајните гужви, привремено се воведе забрана за паркирање на возила во тесниот дел на бул. „Браќа Ѓиноски“, па сега се вози по двете коловозни ленти. Ќе има ли други такви слични чекори и некои промени во сообраќајниот режимот?  

Гази Абдураими: Во градот сега има зголемен број на возила поради доаѓањето на иселениците и моравме да преземеме некои мерки да се олесни сообраќајот. Одлуката за забрана за паркирање во тесниот дел на булеварот ја донесовме заедно со општината. Сметаме дека со отворање на двете ленти за движење на возила ќе се придонесе за намалување на гужвите и подобро одвивање на сообраќајот. Ова е едно привремено решение, кое ќе трае зависно состојбата на терен и нашите проценки. Сега за сега, немаме предвидено други промени во правилата или менување на сообраќаен режим.

Гостиварското лето, за жал се карактеризира и по уште една друга негативна појава – пукањето на свадбени веселби. Веќе имавме еден случај на сериозно повредено лице, а во минатото славењето со оружје земало и жртви. Како се борите против оваа лоша „традиција“?

Гази Абдураими: Нашите податоците покажуваат дека во 2016-та година сме имале две тешко повредени лица при пукање од огнено оружје на свадби. Овие случаи се решени со поднесување на две кривични пријави, согласно Кривичен законик на Република Македонија.  Лани пријавени биле и 10 оштетувања на имот или возила за кои се преземаат мерки. Оваа година, имавме случај на едно повредено лице на чие целосно расчистување работиме интензивно. Ние и претходно сме предупредувале на опасноста, а сакам и во оваа прилика да го повторам апелот да не се употребува огнено оружје затоа што ризикот е голем, лесно може да дојде до повреди на граѓани и тешки последици. Во поглед на нашите мерки, ние ќе одиме до крај, значи полицијата ќе ги презема сите соодветни мерки по Законот за кривична постапка, да се казнат сторителите. Сепак свеста треба да биде на едно повисоко ниво, затоа што еден куршум во некој случај може да чини човечки живот.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена