Поврзи се со нас

Вести

Русино останува регионална депонија за Полог

Објавено

на

Депонијата Русино, која децении наназад претставува еколошка опасност за гостиварци, ќе остане регионална депонија за отпадот од сите девет општини во Полог. Градоначалниците на општините во декември лани потпишаа меморандум за соработка, според кој ѓубрето и натаму ќе завршува на Русино, локација која била избрана како најсоодветна за депонирање на отпад.

Гостиварската локална власт тврди дека граѓаните во иднина нема да имаат последици по здравјето од депонијата и дека околината нема да се загадува, затоа што Русино ќе прересне во современо уредено место за депонирање отпад. За таа намена биле обезбедени 5 милиони евра од Швајцарската влада и други средства од кредити.  Градоначалникот Арбен Таравари најави дека уредувањето на терен ќе започне во јуни годинава.

„Кога разговаравме со претставници на Швајцарската Амбасада рекоа дека се направени студии за повеќе локации во полошко и дека Русино е најпогодно за депонирање. Земјата е глинена и не дозволува да се апсорбираат загадените материи. Според нив, покрај глината ќе се тампонира и околу метар и половина специјални супстанци коишто ќе оневозможат пропуштање на токсични материи. Гарантираат дека ќе биде еколошки убаво преработена средина, воздухот нема да се загадува и граѓаните нема да имаат никакви последици од тоа што Русино ќе биде регионална депонија“, изјави Таравари.

Сега за сега, Русино е далеку од отворање на фабрика за рециклажа. Процедурите за тоа да се оствари се долги и за да се реализираат неопходна е соработка меѓу централната и локалните власти.

Градоначалникот оценува дека Гостивар ќе има бенефит од користењето на Русино како регионална депонија. Сепак, што и колку точно ќе има корист општината, не можеше да каже, затоа што до сега не е направен договор со јавните комунални претпријатија од другите полошки општини кои ќе го носат отпадот на гостиварска територија.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена