• Дата: 13/02/2018

Се интензивираат врнежите од снег во гостиварско

 

Снежните врнежи кои во регионот на Гостивар започнаа претпладнево, продолжуваат со засилен интензитет и веќе се формира снежна покривка. Засега на гостиварското подрачје не се регистрирани застои и пречки во одвивањето на сообраќајот.

На патниот правец крак Маврово – Дебар утрово околу 10 часот воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила. Автомото Сојузот на Македонија информираше дека поради појава на магла видливоста на планинскиот премин Стража е намалена до 100 метри.

Сообраќајот се одвива по влажни коловози поради што се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Според најавите на метеоролозите, снежните врнежи ќе има и утре со слаб до умерен интензитет.

Оставете коментар

Вашата Емаил адреса нема да биде објавена.Задолжителните полиња се означени *

*