Деца Родители
Семејни кризи – кои се нормални кризи, а кои завршуваат со развод?
Кризите во семејството се резултат на стрес, предизвикан внатре во семејството или од надворешната средина. Семејните кризи може да бидат: развојни и неразвојни.
- Развојни кризи – Потенцијалните брачни кризи ги опишуваме во рамките на животните циклуси во семејството. Тоа се таканаречени нормални, развојни кризи. Повеќето од семејствата ги надминуваат со сопствени сили и напори или со помош на стручните лица во советувалиштата.
- Неразвојни кризи – Неразвојни кризи се резултат на промените надвор од семејниот систем. Тие врз него влијаат посредно или непосредно. Тоа се оние кризи кои се јавуваат во одреден животен циклус, но не се предизвикани со развојни задачи и промени во семејството. Тие се предизвикани со одредени случки, непредвидени ситуации или со долготрајно нарушување во односите меѓу членовите на семејството, најчесто помеѓу брачните партнери.
Неразвојните кризи се јавуваат кога е нарушена семејната рамнотежа. Доколку кризата не се разреши-семејството станува дисфункционално. Кризата се разрешува со одлука на еден или двајцата брачни партнери да се разведат.
Неразвојните кризи се последица на подолготрајната напнатост во меѓусебните односи. Тие можат да се манифестираат и со физичко насилство врз партнерот или децата, што претставува психо-патолошко и социо-патолошко пореметување.
Семејно насилство
Семејното насилство е најдобро чувана семејна тајна. Честопати партнерите надвор од семејството добро функционираат и надворешната средина не забележува траги на насилничко однесување.
Семејното насилство може да биде условено од личноста на партнерот, од психолошките нарушувања, а и од моделите пренесени од примарните семејства. Насилничкиот однос генерациски може да се пренесува како модел на однесување и решавање на проблемите.
Во стресни ситуации што може да бидат и најбанални, партнерите влегуваат во отворен судир со навреди, со физичко насилство па дури и со напуштање на семејството. Тоа може да биде насочено и врз децата, што преставува еден од најлошите облици на злоставување.
Насилството во семејството мора да се сфати многу сериозно. Секогаш треба да се побара адекватна помош од компетентни институции за спречување односно прекинување на насилничкиот однос. Во некои семејства насилството се спречува со разделување на партнерите, односно со покренување на постапката за развод на брак.
(Следува- развод на брак)
пишува: м-р Слаѓана Анѓелкоска, психолог
Советувалиште за брак и семејство
Центар за социјална работа Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар