Поврзи се со нас

Бизнис

Шанса за младите фудбалски таленти – во Гостивар стартува Академија Пандев

Објавено

на

Од месец септември во Гостивар ќе започне со работа Фудбалската Академија „Пандев“. Во првата година од функционирањето во Гостивар, ќе се опфатат групи на возраст од 7 до 12 години. Тренинзите ќе се одржуваат во Спорт Центар – Спортска сала со вештачка трева (на излезот од градот). Сите активности ќе се одвиваат според програмата на Академија Пандев во која се вклучени: програмски тренинзи, натпреварувања, турнири во земјава и странство и многу забава.

„Наша цел е да им ги дадеме основите на фудбалската игра на младите фудбалери, да бидат дел од фудбалските натпревари, да играат, да присуствуваат на фудбалски кампови во земјава и странство и секако и ние да „произведеме“  играчи кои би играле во некои од големите Фудбалски екипи во Земјава и странство. Пред се, нашето мото е да има ЗАБАВА и СОЦИЈАЛИЗАЦИЈА за децата, и да водат здрав и спортски живот“, потенцираат од фудбалската академија.

Тренинзите ќе ги изведуваат:

Даниел Настевски (тренер) – носител на: „Ц“ Фудбалска Лиценца, „Б“ Фудбалска Лиценца, Интернационална Фудбалска Лиценца (Издадена во Будимпешта, Унгарија) и дипломиран професор по Физичка Култура

Александар Анастасоски (тренер) – носител на: „Ц“ Фудбалска Лиценца и дипломиран професор по Физичка Култура и

Дарко Јаковлески (тренер на голмани) – апсолвент на факултетот за Физичка Култура

Академија Пандев важи како една од најуспешните за „произведување“ млади играчи.  Доказ за тоа е што неколку играчи од младинската школа на Акедемијата потпишаа договори со некои големи Европски фудбалски тимови: Славија – Прага, Каљари, Интер – Милан и други, а исто така голем број на младински фудбалери добија шанса да заиграат и во првата екипа на Академија „Пандев“, која е новиот прволигаш оваа година во Македонското Фудбалско Првенство, благодарение на младите фудбалери кои произлегуваат од оваа Академија.

(комерцијална објава)
Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 24 минути

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 4 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 6 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 7 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 9 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 9 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 10 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 11 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена